Холизам
Холизам (од ὅλος [holos], грчки збор којшто значи сите, цело, целовитост, севкупност) е идеја според која природните системи (физички, биолошки, хемиски, општествени, економски, умствени, јазични итн.) и нивните одлики треба да се разгледуваат како целини, а не како збир од составни делови. Овде честопати се вбројува и гледиштето според кое системите на некој начин функционираат како целини, и дека нивното функционирање не може целосно да се разбере само со земање предвид на нивните составни делови.[1][2]
Редукционизмот честопати се смета за спротивен на холизмот. Редукционизмот во науката вели дека еден сложен систем може да се објасни со редукција до неговите фундаментални делови. На пример, процесите во биологијата се редуцираат до хемија, а законите на хемијата се објаснуваат со помош на физиката.
Општествениот научник и лекар Николас Христакис објаснува дека „во последните неколку векови, картезијанскиот проект во науката се обидува да ја раздроби материјата на сè поситни делчиња, со цел разбирање. И ова делува, но до одредена мерка... меѓутоа, составувањето на нештата со цел тие да се разберат е потешко и најчесто доаѓа подоцна во развојот на научникот или во развитокот на науката“.[3]
Наводи
уреди- ↑ Oshry, Barry (2008), Seeing Systems: Unlocking the Mysteries of Organizational Life, Berrett-Koehler.
- ↑ Auyang, Sunny Y (1999), Foundations of Complex-system Theories: in Economics, Evolutionary Biology, and Statistical Physics, Cambridge University Press.
- ↑ Christakis, Nicholas A (2011), Shorthand abstractions and the cognitive toolkit, Edge, Архивирано од изворникот на 2013-12-05, Посетено на 2013-07-04.