Сеизмологија е гранка на географијата која се занимава со проучување на земјотреси, односно со движењето на еластичните бранови низ Земјата. Ги набљудува и мери природните тектонски вибрации, ги проучува ефектите на земјотресот (на пример цунами брановите), како и изворите на потресот, како што се вулкански, тектонски, океански, атмосферск и вештачки процеси (експлозии). Сеизмологијата помага и во разбирањето на тектонската Земјина кора, структура на внатрешноста на Земјата и предвидување на земјотресот.

Анимација на цунами во Индонезија во 2004 година

Резултатите од сеизмолошките истражувања се применуваат во градежништвото (потресното инженерство, инженерска сеизмологија, против сеизмичка градба), урбано планирање и во истражувањето на нафта и природниот плин (применета геофизика). Стручната работа на сеизмологијата го вклучува и бележењето на потресите, нивното лоцирање и каталогизирање, размена на податоци со меѓународните институции, макросеизмичка обработка на силните потреси и слично.Најголем дел од знаењето за структурата на Земјата е откриено со сеизмолошки процедури. [1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Seizmologija, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.

Надворешни врски

уреди