Насинокос (грчки: Νησί, до 1927 година: Νασινίκος, Насиникос[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото брои жители

Насинокос
Νησί
Насинокос is located in Грција
Насинокос
Насинокос
Координати: 40°00′N 21°36′E / 40.000° СГШ; 21.600° ИГД / 40.000; 21.600
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругГребен
ОпштинаГребен
Најм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.83
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.510 32
Повик. бр.24620

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на триесетина километри југоисточно од градот Гребен, од левата страна на реката Бистрица.

Историја

уреди

За време на Османлиското Царство

уреди

Кон крајот на XIX век Насинокос е претежно муслиманско грчко село во нахијата Венци на Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Насинокос е целосно муслиманско село со 300 валахади (грчки муслимани).[3] Според грчката атинска статистика од 1910 година во Насинокос живееле 140 муслимани и 23 Грци христијани.[4]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Насинокос станува дел на Кралството Грција.

Според пописот од 1920 година Насинокос е целосно муслиманско грчко село со 63 семејства и 200 жители.[5]

Во средината на 1920-те години согласно Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени понтиски Грци бегалци од Турција. Со пописот од 1928 година селото е попишано како целосно бегалско со 63 семејства и181 жител.[6]

Во 1927 година името на селото е сменето во Ниси.

Демографија

уреди

Неговото население до 1913 веројатно го сочинувале Грци муслимани. К’нчов воопшто не го спомнува. Во пописот од 1913 година евидентирани се 188 жители, а во 1920 година 199 жители. По присилното иселува на Грците муслимани во 1923 година по сила на Лозанската конвенција, во селото биле доселени 63 бегалски семејства со 182 жители колку што броело селото на пописот во 1928 година[7].

Пописи

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 228 192 250 128 130 105 120 83
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Населението во селото произведува жито, тутун, градинарски производи, овошје и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Дел од обработливата површина се наводнува од реката Бистрица.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νασινίκος - Νησί
  3. Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
  4. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ.112.
  5. „Сайт за село Мирсина“. Архивирано од изворникот на 2010-06-28. Посетено на 2017-03-20.
  6. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 127.

Надворешни врски

уреди