Венци
Венци — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година во селото живеат 102 жители.
Венци Κέντρο | |
---|---|
Координати: 40°01′N 21°37′E / 40.017° СГШ; 21.617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 656 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 102 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51 100 |
Повик. бр. | +30 24620 |
Рег. таб. | ΡΝ |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 4 км југоисточно од градот Гребен.
Историја
уредиПод владение на Османлиското Царство
уредиКон крајот на XIX век Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската каза на Османлиското Царство. Покрај селото се наоѓа познатиот Венцишки пазар, еден од најголемите во југозападна Македонија.[2] Во тој период во Венци живее муслиманско гркојазично население. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 година во Венци живеат 150 валахади (гркојазични муслимани) и 207 Грци христијани. Во специјална забелешка се забележува и присуството на „одреден број на погрчени Власи“[3] Според записите на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Венци (Ventzi) има 205 Грци.[4] Според грчкиот конзулат во Еласона во 1904 година Βέντσια е целосно муслиманско село со 300 валахади.[5] Ова е потврдено и од грчката атинска статистика од 1910 година, според која Βέντσια има население од 170 муслимани.[6]
Грчка окупација
уредиВо текот на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки војски и по Втората балканска војна во 1913 година селото влегува во составот на Кралството Грција.
Според сведоштвата од 1920 година Венци е целосно муслиманско валахадско село со 29 семејства и 260 жители.[7]
Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се доселени Понтски грци кои пребегнале од Турција. Во 1928 година селиото е претставено како бегалско со 39 семејства и 122 жители.[8]
Во 1927 година името на селото е сменето во Кендро, што во превод значи центар.
Стопанство
уредиНаселението во селото се занимава со производство и делумно со сточарство
Демографија
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 204 | 156 | 198 | 163 | 136 | 107 | 114 | 102 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
уреди- Венечки мост — стар камен мост кај селото
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Портал на поранешната Општина Венци[мртва врска]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ.112.
- ↑ „Сайт за село Мирсина“. Архивирано од изворникот на 2010-06-28. Посетено на 2016-02-24.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.