Еласона

гратче во Ларискиот округ на Тесалија, Грција

Еласона (грчки: Ελασσόνα) — помал град во Тесалија, Грција. Сместен е на подножјето на планината Олимп, а околу него оди државниот пат ЕО3 (Лариса - Кожани - Лерин). Градот е седиште на општината Еласона во Ларискиот округ. Спооред пописот во 2011 г. градот во потесна смисла имал 7.338 жители, или пак 7.750 доколку се бројат околните населени места под негова управа.

Еласона
Ελασσόνα
Поглед на Еласона
Поглед на Еласона
Еласона is located in Грција
Еласона
Еласона
Местоположба во областа
2011 Dimos Elassonas.png
Координати: 39°53′N 22°11′E / 39.883° СГШ; 22.183° ИГД / 39.883; 22.183
ЗемјаГрција
ОбластТесалија
ОкругЛариса
Површина
 • Општина1.565,2 км2 (6,043 ми2)
 • Општ. един.291,1 км2 (1,124 ми2)
Надм. вис.&10000000000000308000000308 м
Население (2011)[1]
 • Општ.32.121
 • Општ. густина2,1/км2 (5,3/ми2)
 • Општ. един.11.044
 • Општ. един. густина3,8/км2 (9,8/ми2)
Заедница
 • Население7750
 • Површина (км2)102.5
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.402 00
Повик. бр.2410
Рег. таб.ΡΙ
Мреж. местоelassona.com.gr
Плоштадот во Еласона.

Историја

уреди

Градот отсекогаш имал стратешка важност поради важната местоположба на патот од Тесалиското Поле за Егејска Македонија.[2]

Во антиката, градот се нарекувал Олоосон (Ὀλοοσσών) и припаѓал на племето Переби. Во рановизантискиот период го носел името Лосонос, и бил еден од градовите чии ѕидини биле обновени од царот Јустинијан I (вл. 527–565).[2] Денешното име за првпат се среќава во пишувањата на архиепископот Евстатиј Солунски во XII век, кој го сметал ова место за „варварско“.[2] На почетокот на XIV век, на ридската тврдина е основан Манастирот „Пресв. Богородица Олимпска“.[2] Во 1304 г. атинскиот војвода Ги II де ла Рош минал низ него во неговиот поход против Епирското Деспотство.[2]

По смртта на велможата Стефан Гавриелопул во 1333 г. Еласона бил еден од градовите кои за кратко потпаднале под власта на епирскиот деспот Јован II Орсини (вл. 1323–1335).[2] За време на византискиот цар Андроник III Палеолог (вл. 1328–1341) манастирот Богородица Олимпска му добил привилегии, а гратчето станало седиште на архиепископија на Вселенската Патриjаршија, задржувајќи се како такво и во османлискиот период.[2]

За разлика од остатокот од Тесалија, која станала дел од грчката држава во 1881 г., Еласона останала во Отоманското Царство сè до 1912 г. кога е припоена кон Грција заедно со Егејска Македонија, Епир и Крит по освоената победа во Првата балканска војна.

Географија

уреди
 
Поглед на Олимп од Еласона.

Целата општина Еласона има површина од 1.565 км2; општинската единица Еласона зафаќа 291 км2 (без Царичани), од кои на самиот град отпаѓаат 102 км.[3]

Теренот е разновиден: обработливи површини во ниските делови, планини и шуми на запад и исток, како и тревести предели и гребени во некои пусти краишта на повисоките места.

Низ градот течат реките Еласоница (Еласонитис) и Титарисио — обете притоки на Пенеј, најголемата река во Тесалија. Првоспоменатата ја дели Еласона на два дела: стариот дел Варош (Βαρόσι) изграден на рид од левата страна, и поновиот дел на десниот брег. Реката ја преминуваат четири моста, од кои еден е мошне стар, со лачен облик. Другиот дел е близу Бунарбашкото Езеро (Кефаловриси).

Сообраќајни врски

уреди

Еласона е сообраќајно поврзана со стариот пат ЕО3 и се заобиколува од исток. Еласона се наоѓа 70 км ЈЗ од Катерина, 38 км СЗ од Лариса (50 км по стариот), 22 км СЗ од Трново (Тирнавос), источно од Дескати и Гребен, и 78 км југоисточно од Кожани.

Знаменитости

уреди
 
Црква на манастирот „Пресв. Богородица Олимпска“.
  • Лачен мост
  • Еласонска џамија
  • Отоманска царинарница
  • Манастир „Пресв. Богородица Олимпска“

Општина

уреди

Денешната општина Еласона е создадена со реформите од 2011 г., спојувајќи девет тогашни општини кои станале општински единици: Антихасија, Вртигуша (Вердикуса), Гликово (Сарандапоро), Еласона, Карија, Ливади, Олимп (Олимбос), Потамија и Царичани (Царицани).[4]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Koder, Johannes; Hild, Friedrich (1976). Tabula Imperii Byzantini, Band 1: Hellas und Thessalia. Vienna: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften. стр. 153. ISBN 3-7001-0182-1.
  3. „Попис на населението и домовите 2001 (со површина и просечна надморска висина)“ (PDF). Државен завод за статистика на Грција. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 септември 2015. (грчки)
  4. Закон „Каликратис“ Архивирано на 13 ноември 2018 г. — Министерство за внатрешни работи на Грција (грчки)

Надворешни врски

уреди