Народна банка на Австрија

Народната банка на Австрија (германски: Oesterreichische Nationalbank) — централна банка на Република Австрија, која преставува интегрален дел од европскиот систем од централни банки и од Евросистемот. АНБ придонесува кон донесувањето одлуки во врска со монетарна политика и економската политика во Австрија и во Еврозоната. Според сојузниот закон на Народната банка на Австрија, таа е организирана како акционерско друштво, а нејзиниот капитал изнесува 12 милиони евра, сите во сопственост на федералната влада.[1]

Народна банка на Австрија
ÖNB Vienna June 2006 562 corrected perspective.jpg
СедиштеВиена
Основана1 јуни 1816
ПретседателЕвалд Новотни
Централна банка наАвстрија
НаследникЕвропска централна банка (1999)1
Мрежно местоwww.oenb.at

Главните задачи на АНБ се да придонесе за стабилноста на монетарната политика во рамките на Евросистемот, да придонесе во зачувувањето на финансиската стабилност на Австрија, и снабдување на пошироката јавност и деловната заедница во Австрија со висококвалитетна готовина. Покрај тоа, АНБ управува со девизните резерви, изготвува економски анализи, подготвува статистички податоци, активна е во меѓународните организации и е одговорна за надзорот на платните системи.[2]

Историја на банкатаУреди

Кралската династија Хабсбург се обидувала да издава некаков вид хартиени пари, а нејзините заложби се оствариле со основањетона Општинската банка на Виена во 1705 година. Оваа банка уживала голема доверба поради фактот што таа не била под никаква контрола на државата. За време на војната со Франција, контролата на банката ја презел Наполеон, што резултирало во нагло зголемување на хартиените пари во оптек (познати како “банкозетел”) кои постепено почнувале да бидат заменувани со монети од сребро или злато, затоа што постоела реална опасност од намалување на вредноста. Австриската влада одговорила така што донесла закон со кој сите трговци биле обврзани да ги прифатат тогашните хартиени пари.[3] Во 1816 година биле донесени два закона, наречени „патенти“ со кои се воспоставиле темелите на Народната банка на Австрија а за нејзин прв гувернер бил назначен тогашниот министер за финансии, Јохан Филип фон Стадион.[4] Со формирањето на оваа банка, банкнотите повторно ја стекнале довербата од јавноста. За да се обезбеди целосната независност на оваа банка, била спроведена нејзина приватизација, односно продажба преку издавање акции на инвеститорите. Првичните активности на банката се однесувале на откуп на стари хартиени пари и издавање акции на инвеститорите, а овие надлежности се зголемиле во 1817 година, кога банката добила овластување да печати неограничени количини банкноти, а една година подоцна бил утврдено и раководството на банката. Следните неколку години, централната банка на Австрија се проширила со отворање филијали на територијата на целата Австро-Угарија, како и филијали надвор од империјата. Со анексијата на Австрија од нацистичка Германија, оваа банка станала дел од Германската централна банка. Притоа, централната банка на Австрија била ликвидирана и сите резерви на злато од Виена биле пренесени во Берлин (повеќе од 78 267 килограми злато). По војната, дел од ова злато било вратено назад, а еден дел бил даден на Меѓународниот фонд за жртвите на националниот социјализам. По завршувањето на војната, Народната банка повторно почнала со работа, а една од првите активности на обновената банка биле планирањето и печатењето на новите банкноти кои биле пуштани во оптек во Австрија. Дополнителни промени се скучиле во 1955 година, по реорганизацијата на австриската држава, кога бил донесен нов закон за Националната банка на Австрија. Тој дополнително ја гарантирал независноста на банката, а дури и се зголемиле некои надлежности кои се однесувале на отворениот пазар и девизни резерви. Истовремено, законското решение предвидувало и одредено ограничување кое се однесувало на тоа дека Народната банка била обврзана да се ориентира на кредитните и монетарните политики кои ги носи австриската влада. Во 1995 година, заедно со Шведска и Финска, Австрија станала членка на Европската економска заедница, како и членка на Европскиот монетарен систем. Кога Централната банка на Австрија станала дел од Европскиот систем на централни банки биле донесени нови измени на законската регулатива со кои таа добила дополнителна независност.[5]

Банката како дел од ЕСЦБУреди

Во рамките на Европскиот систем на централни банки, Националната банка на Австрија делува со целосна независност, што меѓу другото значи: лична, институционална и финансиска независност. За таа цел, во 2008 година банката добила проширени надлежности кои се однесуваат на надзорот на комерцијалните банки. Централната банка на Австрија има придонес во изработката на економските анализи кои се однесуваат на еврозоната, дава придонес за други економски прашања и на секои шест месеци прави макроекономски прогнози за Австрија. Исто така, таа има монополот во дистрибуцијата на монети и банкноти, а меѓу другото е задолжена и за нивна промена и обезбедување соодветна заштита против евентуалното фалсификување.[6]

Гувернерот на Австриската национална банка е директно вклучен и во активностите кои се однесуваат на анализа и креирање на монетарната политика во Евросистемот, а истовремено тој е член на Управниот совет на Европската централна банка. Меѓу другото, како дополнителна цел која исто така влегува во најважните активности на банката е и анализата на австриската економија, инфлацијата, финансиската стабилност, финансиските политики, и други политики кои се однесуваат на монетарната економија во Австрија.[7]

Мисија на банкатаУреди

Слоганот „Безбедност, стабилност и доверба“ ги обединува водечките принципи на кои АНБ е посветена со цел успешно остварување на нејзините цели, како во Австрија, така и во Европа. Мисијата на АНБ ги опишува основните задачи на централната банка на Република Австрија, објаснувајќи ја улогата на АНБ во европскиот систем на централни банки и опишувајќи ги принципите кои ги регулираат односите што АНБ ги оддржува со пошироката јавност, со своите клиенти, партнери и подружници како и нејзините корпоративни цели. Таа, исто така, воспоставува вредности и принципи што го водат персоналот при извршувањето на задачите на АНБ. Мисијата на АНБ и мисијата на Евросистемот која е исто така достапна на интернет се потврдуваат и се надополнуваат една со друга, со потенцирање на соработката, додека даваат и соодветно внимание на принципот на децентрализација – што го одразува духот на европската интеграција.[2]

Организација и раководењеУреди

Главни тела за донесување на одлуки на АНБ се:[8]

  • Генералното собрание,
  • Генералниот совет, и
  • Управниот одбор.

Главните одговорности на Собранието се да ги одобри финансиските извештаи, да одлучува за присвојување на профитот (буџетските кредити), и да ја дистрибуира дивидендата на акционерите. Освен тоа, Собранието ги избира шесте членови на Генералниот совет и именува ревизор на АНБ. Генералниот совет е надлежен за надзор за целото работење што не спаѓа во рамките на надлежностите на Европскиот систем на централни банки и тој треба да го советува Управниот одбор за водењето на работата на АНБ и во врска со монетарната политика. Управниот одбор е одговорен за целокупното функционирање на АНБ и за извршувањето на целата дејност.

Политика на централната банкаУреди

  • Департман за комуникации-планирање и човечки ресурси[8]
    • Канцеларија за агенда (Управен одбор, Генерален совет и собрание)
    • Канцеларија за печат
    • Комуникации и оддел за публикации
    • Планирање и оддел за контрола
    • Оддел за персонал
    • Музеј на пари
  • Департман за економска анализа и истражување

Сметководство, ИТ и платни системиУреди

Финансиска стабилност, банкарска супервизија и статистикаУреди

  • Департман за финансиска стабилност[2]
    • Оддел за финансиски пазари и анализа за надзор
    • Оддел за off-site банкарска анализа и оддел за стратегија
    • Оддел за off-site банкарска анализа
    • Оддел за теренска (оn-site) банкарска инспекција - големи банки
    • Оддел за теренска (on-site) банкарска инспекција
  • Департман за статистика
    • Оддел за статистички информациони системи и управување со податоци
    • Оддел за екстерна статистика, финансиски сметки и монетарна и финансиска статистика
    • Оддел за надзорна статистика, модели и оценка на квалитетот

Финансиско пазарно работење, сопственички интереси и внатрешни услугиУреди

  • Департман за финансии[2]
    • Департман за финансии - оддел за стратегии
    • Департман за финансии - front office
    • Департман за финансии - back office
    • Оддел за управување со капитал (инвестициски фондови)
    • Претставништво на Њујорк
  • Департман за внатрешни услуги
    • Оддел за јавни набавки
    • Оддел за безбедност
    • Документација за управување и комуникациски услуги

Монетарна политкаУреди

Како член на Управниот совет на Европската централна банка, гувернерот на Националната банка на Австрија е тесно вклучен во одлуките на монетарната политика на Евросистемот. Преку обезбедување на голем број на економски анализи, нејзиниот оддел за економски политики го поддржува гувернерот во одлуките за монетарната политика. Главно, овие одлуки се фокусираат на проценување на цената и развој на економската активност и факторите кои го предизвикуваат тој развој. Уште еден клучен фокус на аналитичкото работење на банката е ефикасноста на австриската економија. Покрај тоа, Националната банка на Австрија издава редовни предвидувања за Австрија, за т.н. економска перспектива (во интервал од шест месеци) и прогноза на краткорочен индикатор (во интервал од три месеци). Покрај тоа, Националната банка на Австрија постојано прави анализи во врска со инфлацијата, финансиската стабилност, фискалната политика, структурната политика и прашања во врска со пазарот на трудот, како и меѓународни спореби. Со тоа што им е дадена примарна важност на Централна и Источна Европа, на австриската економија како и на стабилноста на австрискиот финансиски пазар, Националната банка на Австрија будно го следи и го анализира процесот на интеграција во оваа област. На ова поле, Националната банка на Австрија е во можност да подготви експертиза содржана во извештаите за земјата, како и во широкиот спектар на изработени академски тудови и нивното објавување во публикацијата „Фокус на европската економска интеграција“. Најпосле, Националната банка на Австрија ја поддржува Централна и Источна Европа преку проекти за техничка соработка и како спонзор на здружениот Виенски институт.[2]

Меѓународна соработкаУреди

Во функција на член на Управниот совет на Европската централна банка, гувернерот на Националната банка на Австрија активно учествува во монетарната политика и во процесот на донесување на одлуки во Евросистемот. Застапувајќи ја Националната банка на Австрија во комитетите на Евросистемот и во бројни работни групи, персоналот на Националната банка на Австрија е вклучен во подготовките за одлуки на Управниот совет, а освен тоа, експертите на Националната банка на Австрија обезбедуаат документи за анализата на макроекономските, меѓународните и институционалните прашања. Заедно со гувернерите на другите централни банки од европската унија, гувернерот на Националната банка на Австрија учествува на неформални средби со министрите за финансии на ЕУ на кои се разговара за важните финансиски и економски прашања. Следејќи ја реформата на работните методи на економско-финансискиот комитет (ЕФК), кој има за цел одржување на функционалноста на ЕФК во проширената ЕУ, Националната банка на Австрија учествува годишно на шест состаноци. Освен тоа, Националната банка на Австрија е вклучена во работата на работната група на ЕФК за ММФ и во комитетот за економски прашања. Овие тела на ЕУ се особено одговорни за подготовките на состаноците на министрите за економија и финансии на Советот на ЕУ. Претставништвото на АНБ во Брисел значително ја олеснува и забрзува размената на информации помеѓу Националната банка на Австрија и ЕУ како и координацјата на позициите на прашања од економската политика. Во рамките на структурата на новиот комитет, Националната банка на Австрија пе рисутна и во новоформираниот комитет на европски банкарски супервизори (КЕБС). Овој комитет е најважното советодавно тело на Европската комисија во банкарската супервизија.[2]

Во периодот до проширувањето на ЕУ, претставниците на АНБ учествувале во макроекономскиот дијалог со новите земји-членки во областа на економската и фискалната политика. Гувернерот на Националната банка на Австрија, исто така, учествува на состаноците на Банката за меѓународни порамнувања која служи како форум за размена на информации и мислења за монетарната политика, девизниот курс и финансиски прашања. Персоналот на Националната банка на Австрија активно учествува и во работата на разни комитети на Организацијата за економска соработка и развој, вклучувајќи го и комитетот за економска политика, комитетот за финансиски пазари и комитетите за ревизија. Во овој контекст, претставништвото на Националната банка на Австрија во Париз има посебно важна улога. Oд 2002 година, Националната банка на Австрија претседава со комитетот за движењето на капиталот и невидливите трансакции. Покрај тоа, АНБ учествува на состаноците на комитетите за ревизија на земјата и на тој начин ја поддржува ОЕЦД во својата важна функција на давање на совети во врска со економската политика на своите земји членки.[2]

Гувернерот на Националната банка на Австрија ја претставува Австрија и во Одборот на гувернери на ММФ, во ова својство, тој учествува во пролетното и годишното собрание на ММФ кои се посветени, пред сè на преиспитување на глобалните економски случувања, како и на мерките и инструментите за превенција и справување со меѓународни финансиски кризи.[9] Националната банка на Австрија, исто така, делува како платформа за размена на меѓународни мислења и инфомации во врска со економски, монетарни и финансиски прашања помеѓу банкарите од централните банки, финансискиот пазар и универзитетските истражувачи со посебен акцент на проширувањето на ЕУ.

Финансиски пазар и стабилностУреди

Ефикасните финансиски пазари се од клучно значење за економијата. Тие ги обезбедуваат банките, компаниите и домаќинствата со голем опсег на финансиски услуги исто како и со финансиски средства, и тоа на брз и безбеден начин. Транспарентноста го стабилизира пазарот и очекувањата на учесниците, гради доверба и со тоа ја подобрува стабилноста на финансиските пазари. Зачувувањето на финансиската стабилност е една од клучните задачи на централната банка.

Фокусот и заедничкиот именител на следењето на целата финансиска стабилност претставуваат тековна анализа на финансиските и банкарските пазари, без разлика дали преку вршење на банкарска супервизија или преку серија на други активности кои директно или индиректно придонесуваат за финансиската стабилност.

За АНБ, финансиската стабилност значи дека финансискиот систем, финансиските посредници, финансиските пазари и финансиските инфраструктури се во состојба ефикасно да ги распределат финансиските средства и да ги исполнат нејзините клучни макроекономски функции дури и ако се случат финансиски нерамнотежа и потреси. Во услови на финансиска стабилност, економските субјекти имаат доверба во банкарскиот систем и имаат пристап до финансиските услуги како што се платниот промет, заемите, депозитите и осигурувањето.[2]

Статутарен мандат на АНБУреди

Во јавен интерес, АНБ ги надгледува сите услови кои можат да имаат влијание врз заштитата на финансиската стабилност во Австрија (член 44 став 1 од федералниот закон на АНБ).[2]

Официјално мрежно местоУреди

Народна банка на Австрија

НаводиУреди

  1. Startpage - Oesterreichische Nationalbank (пристапено на 15.10.2019)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 2,9 Централна банка на Aвстрија
  3. Mosselaar, J., S. (2018), A Concise Financial History of Europe, ROBECO, Rotterdam, p. 96.
  4. Pohl, M. (1994), Handbook of the history of European banks. London: Edvard Elger Publishing.
  5. Pfeiffer, М., Quehenberger, М. (2014), „Recent changes in Austrian monetary policy instruments and procedures“, Bank for international settlements monetary and economic department, Basel, Switzerland, p. 183.
  6. Ritzberger,D., H., S., Grünwald, (2018), „How Austrians bank and pay in an increasingly digitalized world – results from an OeNB survey“, Oesterreichische Nationalbank, Economic Analysis Department, p. 25.
  7. Официјално мрежно место на Националната банка на Австрија (пристапено на 22.10.2019)
  8. 8,0 8,1 Официјално мрежно место на Националната банка на Австрија (пристапено на 22.10.2019)
  9. Mеѓународен монетарен фонд