Моди (грчки: Μόδι) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Моди била дел од општина Мадитос[2].

Моди
Μόδι
Моди is located in Грција
Моди
Моди
Местоположба во областа
Моди во рамките на Бешик
Моди
Местоположба на Моди во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°37′N 23°36′E / 40.617° СГШ; 23.600° ИГД / 40.617; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМадитос
Надм. вис.&10000000000000130000000130 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно362
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 14
Повик. бр.+30-2397-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 75 километри источно од Солун и на 13 километри западно од Ставрос, во североисточниот дел на Халкидик, во подножјето на планина Колјани. Во близина на селото поминува автопатот кој води од Солун кон Кавала.

Историја

уреди

Во XIX век Моди било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители Грци[3].

Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 205 Грци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 2 семејства и 8 лица бегалци[5], додека во 1940 година селото броело 259 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 296 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 329 жители, во 1971 година имало 326 жители, во 1981 година имало 406 жители, додека во 1991 година имало 379 жители[6]. Денеска, населението на селото е 249 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 259 296 329 326 406 379 396 249 362
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  5. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  6. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.

Надворешни врски

уреди