Предраг „Мики“ Манојловиќ (5 април 1950) е српски актер, познат по своите главни улоги во некои од најважните филмови на поранешната југословенска кинематографија. Од раните 1990-ти, тој успешно играл во филмови снимени надвор од Балканот и стана активен во продукциите низ цела Европа.

Манојловиќ на меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2007 година

Кариера

уреди

Манојловиќ пораснал во семејство на сценски глумци Иван Манојловиќ и Зорка Докниќ.[1][2]

По неговото деби на екранот во 1970 година, младиот Предраг продолжил да се појавува во бројни филмови и ТВ драми направени во СФР Југославија, од кои некои, како ТВ серијата Грлом и јагоде од 1975 година, каде што незаборавно го играл Мики Рубироза, постигнаа култен статус.[3]

Во февруари 2009 година, Владата на Србија го именувала за претседател на Српскиот филмски центар.

Приватен живот

уреди

Манојловиќ е во брак со глумицата Тамара Вучковиќ со која го има синот Иван.[4] Од претходниот брак ја има ќерката Чарна Манојловиќ.[5]

Наводи

уреди
  1. „Ko je "drogirana baka" iz filma "Rane"?“. Noizz.rs (српски). Посетено на 2020-06-18.
  2. „Miki Manojlović danas slavi rođendan, a njegov život je prava filmska priča“. Hello! magazin (српски). 2017-04-05. Посетено на 2020-06-18.
  3. „40 godina serije Grlom u jagode – Sećanje je varljiva stvar ⋆ P-portal“. P-portal (хрватски). 2016-11-21. Посетено на 2020-06-18.
  4. „Dve žene su obeležile njegov život: Miki Manojlović iskreno o razlozima razvoda (FOTO)“. Glossy (српски). Посетено на 2020-06-18.[мртва врска]
  5. 'FATALAN SUSRET': Evo kako izgleda žena Mikija Manojlovića koja je 20 godina mlađa od njega (VIDEO) (FOTO)“. DNEVNE (српски). 2018-07-10. Архивирано од изворникот на 2020-06-21. Посетено на 2020-06-18.

Надворешни врски

уреди