Друштво на филмски работници на Македонија
Друштвотото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) е основано на 21 мај 1950. Друштвото е формирано како синдикат и општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв Претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот, беше избран за прв Почесен член на Друштвото.
Со мали измени во организациската структура, ДФРМ сè уште стои како организација што околу себе ги собира филмските автори и се залага за нивните интереси.