Св. Спас (Матка)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Св. Спас“
| |
Местоположба | 41°58′00″N 21°17′28″E / 41.96667° СГШ; 21.29111° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Матка |
Општина | Сарај |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Св. Спас — археолошко наоѓалиште во скопското село Матка, Општина Сарај. Претставува градиште - викус од римското и доцноантичкото време.
Се наоѓа на околу 1,5 км јужно од селото, на високите карпи на излезот од клисурата на реката Треска. На самиот врв има плато со големина од 10 x 130 м, опкружено со одбранбен ѕид, на кое се гледаат темели од повеќе објекти, а се среќаваат фрагменти од керамички садови и мермерни блокови од раноантички храм. Исто така се гледаат темели, столбови, бази, импости и други материјали од старохристијанска базилика.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 378. ISBN 9989-649-28-6.