Даница Ручигај (награда)

Даница Ручигај — македонска литературна награда за најдобра дебитантска поетска книга, во почетокот, односно за најдобра поетска книга од писателка, членка на ДПМ, што ја доделувала издавачката куќа Пергамент паблик, а подоцна со формирањето на клубот на писателките при ДПМ „Даница Ручигај“, наградата ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Наградата го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Еден од иницијаторите за воспоставување на наградата е Искра Чоловиќ.[1] Прв добитник на наградата била тогаш 15-годишната поетеса Надица Лешникоска, ученичка во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, за збирката Копрена, прогласена за најдобра дебитантска поетска книга во 2005 година.[2]

Лауреати

уреди
Година Добиник Книга
2005[2] Надица Лешникоска Копрена
2006[2] Марга Велеска Тишина
2015[3] Елена Пренџова Политички коректна поезија
2016[4] Љерка Тот Наумова Зародиш на повикување
2017[5] Мирјана Тренчева Патот за Итака
2019[6 Марина Мијаковска Коскена

2019 [6]

Наводи

уреди
  1. О Д Л У К А за доделување на Годишна Награда на Општина Центар - Феникс за 2009 година. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 2017-03-05.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Марга Велеска ја доби наградата „Даница Ручигај" за најдобра дебитантска стихозбирка за 2006 година“. Idividi.com. 27 ноември 2006. Посетено на 2017-03-05.
  3. НА ЕЛЕНА ПРЕНЏОВА ЌЕ И БИДЕ ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ДАНИЦА РУЧИГАЈ“ [мртва врска]
  4. „ЉЕРКА ТОТ НАУМОВА ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА „ДАНИЦА РУЧИГАЈ“[мртва врска]
  5. Наградата „Даница Ручигај“ за поетесата Мирјана Тренчева
  6. [https://a1on.mk/culture/marina-mijakovska-za-koskena-kje-ja-primi-plaketata-danica-ruchigaj/}}