Мармалад
Мармалад (португалски и латински: направен од дуњи, чиј корен е од грчки melimēlon) — слатко, изворно направено од дуња, и познато во Англија уште од 15 век.[1] Денас се произведуваат од разно цитрусно и други видови на овошје. Мармаладот е индустриски произведена густа смеса од варено овошје кој најмногу се употребува како намаз за леб и колач, а дава дополнителен вкус на тортите, ролатите и чајните лиснати теста. Се припрема од сите видови на овошја, често и во комбинација на повеќе видови. Во припремата на мармаладот, овошјето на сиров или варен начин се преработува сè со цел да ги отстрани и поседните траги на нераскинливите парчиња од овошјето. Припремањето на мармаладот може да се забрза со додавање на средстава за желирање, бидејќи варењето би траело долго.[2][3]
Во англискиот речник, поимот „мармалад“ се однесува обично на џем направен од горчливи портокали, од видот Citrus aurantium, а може да биде и од други агруми. Во припремата на англискиот мармалад потребно е да се вари во вода исецкана во кора и исцеден сок од горчливи портокали неколку часа за да кората омекне. Во варењето се додава шеќер по мерка, обично за секое кило портокали се додава од 1,0 до 2,0 кг шеќер (по вкусот на готвачот) во смесата, и се доварува сè додека не стигне мармаладот до концентрација за да може да се стегне на собна температута. Бидејќи гочливите портокали, како и останатите агруми, се богати со пектин, обично не е потребно да се додава никакви состојки за желирање на смесата.
Галерија
уреди-
Домашен мармалад од смокови
-
Мармалад од смокви намачкан на леб
-
Домашен мармалад од смокови
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ -{Public Record Office, Letters and Papers, Foreign & Domestic, of the reign of Henry VIII, vol. VI (1870) pp. 339, noted by Wilson 1999, pp. 31f, and by other writers.}-
- ↑ -{C. Anne Wilson, The Book of Marmalade: its Antecedents, Its History, and Its Role in the World Today, revised ed., 1999, pp. 32 & others}-
- ↑ -{Maguelonne -Samat, (Anthea Bell, tr.) A History of Food 2nd ed. 2009, pp. 507}-
Литература
уреди- Allen, Brigid (1989). Cooper's Oxford: A history of Frank Cooper Limited.
- Mathew, W. M. Keiller's Of Dundee: The Rise of the Marmalade Dynasty 1800-1879.
- Mathew, W. M. The Secret History of Guernsey Marmalade.
Надворешни врски
уреди„Мармалад“ на Ризницата ? |
- -{Marmalade - Simple recipe. - Evil Mad Scientist Laboratories.}-
- -{A much simpler grapefruit marmalade recipe. - Radio New Zealand.}-