Антиоксиданс
(Пренасочено од Антиоксиданси)
Антиоксиданс (понекогаш антиоксидант[1]) — соединение кое има потенцијал да го неутрализира слободните радикали.

Структура на антиоксиданс глутатион.
Видови антиоксидансиУреди
Најделотворни антиоксиданси се: витамините А, Ц и Е, бета-каротинот, коензимот Q-10, селенот и манганот. Антиоксидансите се наоѓаат во овошјето и во зеленчукот, така што човекот ги прима преку исхраната. Антиоксидансите најмногу ги има во: црното грозје, боровинките, капинките, малинките, агрумите, доматите итн. Во поново време, во аптеките се продаваат вештачки додатоци кон исхраната кои имаат силно антиоксидативно дејство. Најчесто се работи за додатоци кои содржат органски соединенија на германиум, ресвератрол, астаксантин и слично.[2]
НаводиУреди
- ↑ „антиоксидант“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Душан Гољиќ, „Антиоксиданси - Чувари на нашето здравје“, Betty магазин, година IV, број 37, март 2017, стр. 6.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |