Поток
Поток — водна површина [1] која тече по свое корито и е помала и покуса од река.[2]
Потоците имаат големо значење во кружењето на водата, полнењето на подземните води и како минувалиште за преселбата на рибите и животните. Биолошкото живеалиште по текот на потокот се нарекува „крајречна зона“. Ваквите зони се важен поврзувач на расцепените живеалишта, и со тоа ја одржуваат и зачувуваат биоразновидноста. Дисциплината што ги изучува потоците и водните патишта се нарекува „површинска хидрологија“ и претставува основа на еколошката географија.[3]
Извори
уредиПотоците се снабдуваат со вода претежно од атмосферски врнежи во облик на дожд и снег. Поголем дел од неа повторно се враќа во атмосферата по пат на испарување од водните површини и почвата, или пак со транспирација на растенијата. Помал дел од неа потонува во земјата со т.н. инфилтрација и станува подземна вода. Највеќето од оваа вода повторно се враќа на површината во потоци. Извесен дел од врнежите привремено се заробуваат во снежни прекривки и ледници, и подоцна се ослободуваат со испарување или топење. Остатокот истекува во земјиштето како површинско исцедување.
Потоци во Македонија
уредиЕве некои попознати потоци во Република Македонија:
Потокот како мотив во уметноста
уреди- „Каква боја има потокот?“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[4]
- „Поток — песна на рускиот поет Јуриј Коринец.[5]
- „Јас знам што е поток“ — песна на македонскиот поет Стојан Тарапуза.[6]
- „Поток“ — песна на словенечката хардкор-панк група Полска Малца од 1990 година.[7]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Langbein, W.B.; Iseri, Kathleen T. (1995). „Hydrologic Definitions: Stream“. Manual of Hydrology: Part 1. General Surface-Water Techniques (Water Supply Paper 1541-A). Reston, VA: USGS..
- ↑ поток - Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Што е тоа хидрологија и со што се занимаваат хидролозите“ Архивирано на 22 февруари 2014 г. — USGS (англиски)
- ↑ Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 63.
- ↑ Поетска читанка: Избор од македонската и светската поезија за деца, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2005, стр. 12-13.
- ↑ Стојан Тарапуза, Сон на тркала, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2015, стр. 37-38.
- ↑ Polska Malca – Mojster S Snežinko (пристапено на 28.9.2023)
Надворешни врски
уреди- Потоци на Ризницата ?
- Управа за хидрометеоролошки работи на РМ (македонски)