Метар во секунда
Метар во секунда (крат. м/с) е SI изведена единица за брзина која изразува растојание во метри изминато за време во секунди.
Официјалните кратенки на SI се m·s−1, m/s или .[1] Во случаи каде метрите во секунда се пребавни за пресметка, како во астрономијата, тогаш брзината се изразува во километри во секунда (1 км/с = 1000 метри во секунда).
Споредба
уреди1 м/с е еднаков на:
- = 3,6 километри на час (точно)
- ≈ 3,2808 стапки во секунда (приближно)
- ≈ 2,2369 милји на час (приближно)
- ≈ 1,9438 јазли (приближно)
1 стапка во секунда = 0,3048 m·s−1 (точно)
1 милја на час = 0,44704 m·s−1 (точно)
1 километар на час ≈ 0,2778 m·s−1 (приближно)
1 километар во секунда е еднаков на:
- ≈ 0,6213 милји во секунда (приближно)
- ≈ 2237 милји на час (приближно)
Однос со другите мерки
уредиИако м/с е SI изведена единица, таа може да се смета за пофундаментална од метарот, бидејќи метарот е добиен од брзината на светлината во вакуум, што изнесува точно 299 792 458 м/с според МБТМ.[2] Оттука следува дека еден метар е должината на патеката по која се движи светлината во вакуум за временски интервал од 1⁄299 792 458 секунда.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Брошура на SI - Оддел 5.1 (англиски)
- ↑ Метар- МБТМ (англиски)
Надворешни врски
уреди- Официјална дефиниција на метарот - МБТМ (англиски)
- Официјална дефиниција на секундата - МБТМ (англиски)