Денско (грчки: Αετομηλίτσα, Аетомилица; влашки: Densko, Denicko; до 1927 г. Δέντσικο, Денцико или Ντένισκο, Дениско[2]; до 1928 г. Γαλαταριά, Галатарија[3]) — село во Коничко, Епир, во општината Коница на Јанинскиот округ, Грција. Населението брои 432 жители (2011), сочинето од Власи.[4]

Денско
Αετομηλίτσα
Поглед на Денско со врвовите на Грамошта во позадината
Поглед на Денско со врвовите на Грамошта во позадината
Денско is located in Грција
Денско
Денско
Местополобжа во областа
Денско во рамките на Коница (општина)
Денско
Местоположба на Денско во општината Коница и областа Епир
Координати: 40°18.6′N 20°51.3′E / 40.3100° СГШ; 20.8550° ИГД / 40.3100; 20.8550
ЗемјаГрција
ОбластЕпир
ОкругЈанина
ОпштинаКоница
Општ. единицаДенско
Најг. вис.&100000000000014850000001.485 м
Најм. вис.&100000000000013850000001.385 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.432
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.440 15
Повик. бр.+30-2655-xxx-xxx
Рег. таб.INx-xxxx

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на планината Грамошта под врвот Петра (2.217 м), во непосредна близина на границата со Егејска Македонија и Албанија, на надморска височина од 1.385 до 1.485 м, со што претставува едно од највисоките села во денешна Грција.[5] На 5 км од селото се наоѓаат Муцалските Езера.

Сè до реформите во 2011 г. било своја општина, чиј атар зафаќал површина од 51,3 км2.[6]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во отоманска статистика од 1895 година, во Денско имало 84 домаќинста со вкупно 805 жители.[7]

За време на Илинденското востание во селото влегла големата чета на војводата Васил Чакаларов, која со радост била дочекана од влашкото население.[8][9]

Во Грција

уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1927 година, името на селото било променето во Галатарија (Γαλαταριά).[2] Во 1928 г. е одново преименувано, овојпат во Аетомилица (Αετομηλίτσα).[3]

Во 1935 г. населени се Власи од Денско во селото Липариново, Ениџевардарско.[10]

За време на Грчката граѓанска војна Денско се сметало за седиште на Демократската армија на Грција (ДАГ) со основањето на т.н. „планинска влада“ на генералот Маркос Вафијадис.[11] Бидејќи селото наполно настрадало за време на војните, во пописот од 1951 г. се води како напуштена населба. Сѐ до 1980-тите, Денско останало празно, но населението повторно почнало да бележи пораст.

Стопанство

уреди

Населението традиционално се занимава со сточарство. Речиси сите семејства оделе на зимување во Тесалија и Егејска Македонија.[4]

Население

уреди
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 864 0 0 0 0 2 39 432

Извор за 1940-2011 г.: ΕΕΤΑΑ-Ελληνική Εταιρία Τοπικής Ανάπτυξης και Αυτοδιοίκησης Α.Ε.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δέντσικον -- Γαλαταριά
  3. 3,0 3,1 Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γαλαταριά -- Αετομηλίτσα
  4. 4,0 4,1 Село Аетомилица — портал на Општина Коница (грчки)
  5. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  6. Νιτσιάκος, Βασίλης Γ., "Αετομηλίτσα", Γιάννινα 1979.
  7. Κοκολάκης, Μιχάλης. „Η τουρκική στατιστική της Ηπείρου στο σαλναμέ του 1895“ (PDF). Посетено на 15 март 2024.
  8. Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание. София: Издателство на Отечествения фронт. 1984. стр. 65.
  9. Освободителната борба въ Костурско (до 1904 г.). По спомени на Пандо Кляшевъ. Съобщава Л. Милетичъ. София: Материяли за историята на македонското освободително движение, Издава Македонскиятъ Наученъ Институтъ, Книга II, Печатница П. Глушковъ. 1925. стр. 135.
  10. Липариново на страницата на поранешната општина Александар Велики[мртва врска]
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-10-20. Посетено на 2016-01-16.

Надворешни врски

уреди