Лезик или Мелисургос (грчки: Μελισσουργός, Мелисургос) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мелисургос бил дел од општина Аполонија[2].

Лезик
Μελισσουργός
Лезик is located in Грција
Лезик
Лезик
Местоположба во областа
Лезик во рамките на Бешик
Лезик
Местоположба на Лезик во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°35′N 23°28′E / 40.583° СГШ; 23.467° ИГД / 40.583; 23.467
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно318
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 12
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 26 километри западно од Ставрос и 65 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) помеѓу Лагадинско Езеро и Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Лезик опфаќа површина од 23 квадратни километри[3].

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изградена во 1850 г.[4] и прогласена за споменик на културата.

Во XIX век Клисели било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 136 жители Турци и 160 Грци[5].

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 230 Грци и во селото работело грчко училиште.[6].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година селото имало 1030 жители.[7]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Мелисургос.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било мешано со 3 бегалски семејства и 10 бегалци [8].

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.010 417 318
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece.
  4. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 2020-07-14.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197.
  7. „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
  8. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди