Крушоради
Крушоради — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 271 жител (2011). Сè до 1940-тите селото било исклучиво македонско, но поради теророт и иселувањето, денес тие се малцинство, а мнозинството го сочинуваат колонисти од Епир.[2]
Крушоради Αχλάδα | |
---|---|
![]() Црквата „Св. Спиридон“ во Крушоради | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° СГШ; 21.61350° ИГДКоординати: 40°51.68′N 21°36.81′E / 40.86133° СГШ; 21.61350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Овчарани |
Надм. вис. | 730 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 271 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба уреди
Селото се наоѓа во источниот дел на Леринско Поле, на северозападните падини на Кајмакчалан, на надморска височина од 730 м.[2] Во непосредна близина на Крушоради е границата со Р. Македонија. Низ Крушоради тече Стара Река, во мала котлина меѓу планините Старков Гроб од север и Мала Ниџе од исток.
Двете соседни села Јуруково (Јурко) и Горно Крушоради традиционално се сметаат за маала на Крушоради. Горно Крушоради било Горно, сегашното Крушоради било Средно, а Јуруково било Долно Маало.[2] Со тек на времето, селото станало чифлик на турскиот бег Феин и така останале долго време, освен Јуруково, кое успеало да си го откупи имотот.[3]
За ова сведочи Христо Силјанов во 1902 г.:
Крушоради има три маала. Двете се чифлици со беговска кула, кехаи и пазачи Арнаути, а третото, наречено и Јуруко, е нешто како одделно село со триесетина куќи.[4]
Историја уреди
Преданијата велат дека првобитното населено место всушност било утврдената населба Крушовград понасевер од денешното село, во денешната месност Грамада. Месноста е така наречена поради купиштата големи грамадни камења кои опстоиле како сведоштво од некогашната тврдина.[3]
Османлиско време уреди
Во XV век за селото Крушовец, Костурско по име се заведени 36 глави на домаќинства.[5] Во даночните регистри на немуслиманското население на Леринскиот волает од 1626-1627 г. селото се води како Крушорад со 61 домаќинства.[6] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го води Крушораде како македонско село.[7][8] Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Крушово (Krouchovo) има 40 домаќинства со вкупно 115 жители, Македонци.[9][10]
Во 1899 г. во Крушоради е втемелена Македонската организација под раководство на Крсте Канзуров, Атанас Балов, Филип Гоговчев и Ѕоле Весов - Кардако.[3]
На почетокот на XX век Крушоради се води како чисто македонско село во Леринската каза. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Крушоради (Горно и Средно) живееле 650, а во Јурук (Јуруково) — 216 Македонци[9] христијани.[11] На почетокот на на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.
Жителите на Крушоради зеле масовно учество во Илинденското востание во организација и под раководство на учителката Ката Неданчева.[3]
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 760 Македонци[9].[12] Милоевиќ го води со 60 македонски куќи.[2]
Припојување кон Грција уреди
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 606 жители (без Јуруково).[2] Во 1920 г. селото имало 573 жители,[2] а во 1926 г. е преименувано во Ахлада,[13] што е буквален превод
Втора светска и Граѓанска војна уреди
Во меѓувоениот период, 40 жители на селото се иселиле во прекуокеанските земји, некои од нив повлекувајќи ги своите семејства.[2] Во Втората светска војна и за време на Граѓанската војна селото дало преку 50 жртви, од кои дури 43 активни борци.[2] Поради големиот терор врз населението, од Крушоради побегнале 114 семејства, некои во Р. Македонија, а некои во источноевропските земји, па така во сталото останале само 30 семејства. На место на иселените жители, грчките власти населиле колонисти од Епир, кои ја приграбиле земјата на пребегнатите Македонци.[2]
Население уреди
Наведеното население во државните пописи обично се однесува на Горно и Средно Крушоради. Пописите од 1951 и 1961 г. ги опфаќаат и жителите на Јуруково (Долно Крушоради.[2] Горно Крушоради се брои како посебно населено место дури во поново време. Големото намалување на населението дошло со иселувањето на населението во странство и поголемите градски центри.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 967 | 361 | 534 | 240 | 313 | 305 | 301 | 271 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика уреди
Селото припаѓа на општинската единица Овчарани со седиште во Неокази, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Крушоради, каде спаѓаат и селата Горно Крушоради и Јуруково. Целиот општински оддел традиционално се сметал за едно село со три маала.
Стопанство уреди
Населението на Крушоради се занимава претежно со сточарство и земјоделство, а во непосредна близина рудникот за лигнит, отворен во 1927 г., во кој работат дел од селаните.[2]
Личности уреди
- Родени во Крушоради
- Ката Неданчева — учителка и организатор на селото во Илинденското востание
- Лазо Димов Костенчев — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Тале Котев — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Крсте Ламев — македонски револуционер од ВМОРО.[14]
- Ристо Костов Говедаров — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Ристо Грамов — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Атанас Доновски — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Ристо Дончев — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Коле Дудев — македонски револуционер од ВМОРО.[15]
- Георги Апостолов — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Илија Апостолов — македонски револуционер од ВМОРО.[16]
- Алексо Тодорче — македонски револуционер од ВМОРО.[17]
- Стојан Гоговчев (1910-1947) — антифашистички борец од ДАГ, загинат во одбрана на селото од монархофашистите
- Стилјан Самарџиев — активист за правата на Македонците во Грција
- Со потекло од Крушоради
- Никола Груевски (р. 1970) — поранешен премиер на Република Македонија.
Наводи уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Крушоради (Леринско)“. Македонска Ризница (20): 21–24. март 2014. ISSN 1857-9314 Проверете ја вредноста
|issn=
(help). - ↑ Силјанов, Христо. Писма и исповеди на един четник, Софија, 1902, стр. 294.
- ↑ Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, стр. 333.
- ↑ нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 176-177.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 16,0 16,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.