Ленинизам е теоретскиот систем составен од разни политички и економски поставки елаборирани од Владимир Илич Ленин. Ленинизмот е надградба на идеите на Марксизмот и служи како идеолошка основа на комунизмот во СССР. Терминот Ленинизам почнал да се користи дури откако Ленин се повлекол од раководната позиција во СССР поради нарушената здравствена состојба по обидите за атентат.

Руски револуционер, Лењин (1920)

Наследници на Ленинизмот се Сталинизмот и Троцкизмот, а во Југославија и Македонија Титоизмот. Сите творци на поновите комунистички теории тврделе дека токму нивната теорија е вистинско продолжение на марксизмот и ленинизмот.