Меритократија
Меритократија е систем на управување или администрација (како што е бизнис администрација) каде обврските се објективно доделени на поединци врз основа на нивните „заслуги“ (придонеси), односно врз основа на нивната интелигенција, способност и образованието, кои се утврдуваат преку оценки или испитувања. Најчеста дефиницја на меритократија е концептуализирана заслуга во однос на тестирана компетентност и способност, најчесто определени со коефициентот на интелигенција или стандардизирани тестови [1].
Државни уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Портал Политика · уреди |
Меритократија сама по себе не е форма на владеење, туку идеологија. Во владините апликации, поединците назначени од меритократија се оценети врз основа на одредени заслуги кои би можеле да се однесуваат за интелигенција, моралот или општата способност за специфични знаења. Приврзаницте на меритократија не мора да се договорат за природата на "заслугата", сепак имаат тенденција да се согласат дека "заслугата" сама по себе треба да биде примарна грижа во текот на оценувањето.
Иако меритократија како термин е релативно нов поим, концептот потекнува од делата на Конфуциј, заедно со другите Легалисти и конфуцијански филозофи. Првата меритократија била спроведен во 2 век п.н.е., од страна на династијата Хан, која прва во светот започнала да ги оценување "заслугите" на своите државни служеници [2], секако дека и во поранешните периоди и во други делови на светот се вреднувале достигнувањата, меѓутоа тука станува збор за систем на управување. Меритократија како концепт се проширил од Кина во Британска Индија во текот на 17 век, а потоа и во континентална Европа и САД [3]. Со преведувањето на конфуцијанските текстови во текот на Просветителство, со концептот на меритократија се запознале интелектуалци на Запад, кој во меритократија виделе алтернатива за традиционалните античките облици на управување во Европа [4]. Во САД, атентатот врз претседателот Гарфилд во 1881 година го поттикнал заменувањето на американскиот покровителски систем (каде што една политичка партија, откако ќе победи на изборите, им дава работни места или служба на своите партиски луѓе како награда за победата, и како поттик да продолжат да работат за партијата) со меритократија. Во 1883 година, бил донесен закон кој утрврдил дека работните места во државната администрација треба да се доделува врз основа на заслужените оценки од конкурентни испити, наместо преку врски со политичари или политичка припадност.
Меритократија како поим исто така се разви во поширока дефиниција, која се користи за дефинирање на било која управа која е управувана од влијателна класа на образовани и способни луѓе [5]. Ова е спротивно од поимот кој оригинално беше осмислен од Мајкл Јанг во 1958 година, тој критички го дефинира како систем, каде што заслугата се изедначува со интелигенција и трудот, а носителите се идентификувани на рана возраст и се избрани за соодветна интензивна едукација [6].
Најчестиот облик на меритократски скрининг денес е факултетската диплома. Високото образование е несовршен меритократски скрининг систем од различни причини, како што се недостатокот на унифицирани стандарди во светот или недостаток на пристап (некогаш некои талентирани луѓе немат можност да парципираат, поради недостаток на финансиски средства, особено во земјите во развој).
Извори
уреди- ↑ Levinson, David; Sadovnik, lan R. (2002). Education and sociology: an encyclopedia. Taylor & Francis. стр. 436. Text "quote" ignored (help); Text "most common definition of meritocracy conceptualizes merit in terms tested competency and ability, and most likely as measured by IQ or standardized achievement tests" ignored (help)
- ↑ Casey, Wilson (2009). Firsts: Origins of Everyday Things That Changed the World. Penguin USA. ISBN 9781592579242.
- ↑ Kazin, Edwards, and Rothman (2010), 142.
- ↑ Schwarz (1996), 229
- ↑ „Definition of Meritocracy“. Oxford Dictionary. Oxford University Press. Архивирано од изворникот на 2011-09-10. Посетено на 12 September 2011.
- ↑ Fontana Dictionary of Modern Thought. Fontana Press. 1988. стр. 521.