Клептократија
Клептократија (од грчки κλέπτης, „крадец“, и -κρατία од κράτος „моќ, владеење“) е влада чии корумпирани водачи (клептократи) ја користат политичката моќ за да го присвојат богатството на луѓето и земјата со кои управуваат, обично преку проневера или злоупотреба на државни средства за сметка на поширокото население.[1][2] Една од одликите на политичката социоекономска кражба е што обично нема јавно известување со која се објаснува или се извинува за малверзациите, ниту пак има некакви правни обвиненија или казни за сторителите.[3]
Клептократијата се разликува од плутократијата (владеење на најбогатите) и олигархијата (владеење на мала група од елитата). Во клептократија, корумпираните политичари се збогатуваат тајно и бесправно, преку поткуп, мито и посебни услуги, или едноставно ги насочуваат државните средства кон себе и своите најблиски соработници. Исто така, клептократите честопати голем дел од својот профит го извезуваат во странски држави ако очекуваат да ја загубат власта.[4]
Одлики
уредиКлептократиите обично се поврзуваат со диктатури, олигархии, воени хунти или друга форма на автократска и непотистичка власт во кои нема или е оневозможен независен надзор.
Клептократите благајната на нивната земја ја третираат како извор за лично збогатување и ги трошат средствата на луксузни производи и екстраваганции по свој вкус. Многу клептократи тајно ги префрлаат народните пари на лични нумерирани банкарски сметки во странски земји за да се обезбедат себеси доколку бидат отстранети од власт.[4]
Клептократијата е најчеста во земјите во развој и држави чија економија се потпира на трговијата со природни ресурси.
Наркоклептократија
уредиНаркоклептократија е општество во кое криминалци вклучени во трговијата со наркотици имаат влијание во управувањето со државата. Терминот се користел за да се опише режимот на Мануел Нориега во Панама во извештај подготвен од поткомитет на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на Соединетите Американски Држави со кој претседава сенаторот од Масачусетс Џон Кери.[5]
Во 2020 година, Соединетите Држави го обвиниле претседателот на Венецуела, Николас Мадуро (како и многу функционери и главни личности на неговата администрација) за трговија со дрога.[6][7][8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „kleptocracy“, Dictionary.com Unabridged, n.d., Посетено на November 1, 2016
- ↑ "Kleptocracy". The Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 1st ed. 1909.
- ↑ "Zanu thievocracy knows no boundaries" Архивирано на 19 февруари 2020 г.,The Zimbabwean, December 20, 2008
- ↑ 4,0 4,1 Acemoglu, Daron; Verdier, Thierry; Robinson, James A. (2004-05-01). „Kleptocracy and Divide-and-Rule: A Model of Personal Rule“. Journal of the European Economic Association. Oxford University Press (OUP). 2 (2–3): 162–192. doi:10.1162/154247604323067916. ISSN 1542-4766. SSRN 476093. Архивирано од изворникот на May 24, 2012. Посетено на November 15, 2017. Paper presented as the Marshall Lecture at the European Economic Association's annual meetings in Stockholm, August 24, 2003
- ↑ Subcommittee on Terrorism, Narcotics and International Operations, Committee on Foreign Relations, United States Senate (December 1988). „Panama“ (PDF). Drugs, Law Enforcement and Foreign Policy: A Report. S. Prt. 100–165. Washington, D.C.: United States Government Printing Office (објав. 1989). стр. 83. OCLC 19806126. Архивирано од изворникот (PDF) на October 7, 2016.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Rashbaum, William K.; Weiser, Benjamin; Benner, Katie (March 26, 2020). „Venezuelan Leader Maduro is Charged in the U.S. With Drug Trafficking“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 2020-03-26.
- ↑ „Nicolás Maduro Moros and 14 Current and Former Venezuelan Officials Charged with Narco-Terrorism, Corruption, Drug Trafficking and Other Criminal Charges“. March 26, 2020.
- ↑ „US indicts Nicolás Maduro and other top Venezuelan leaders for drug trafficking“. TheGuardian.com. March 26, 2020.