Црква „Вознесение Христово“ - Кожле
црква во селото Кожле
Вознесение Христово или Свети Спас — македонски православен храм во селото Кожле во околината на градот Скопје. Сместена е во дабова шума, недалеку од последните селски куќи во југоисточен правец. Изградбата на црквата датира од 1847 година[1], за што сведочи и архитектонскиот изглед. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески со карактеристична техника на цртање за средината на XIX век. Непосредно околу црквата во дабовата шума се наоѓаат селските гробишта, каде што се наоѓа и гробот на македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски. Во негова чест во дворот на црквата се одржуваат поетски читања.
Вознесение Христово
Свети Спас | |
Црквата „Свети Спас“ во селото Кожле | |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Кожле |
Општина | Петровец |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1847 |
Архитектонски опис |
Галерија
уреди-
Поглед на црквата со камбанаријата
-
Иконостасот во црквата
-
Внатрешноста на црквата
-
Поглед од југоисток
Наводи
уреди- ↑ „„Во песна си го опиша гробот" - Вест“. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2013-06-11.