Ангелко Василевски
Ангелко Блажев Василевски ( 1924 во Кожле, Скопско — 1944 во Скопско) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Ангелко Василевски | ||
Роден | 1924 Кожле, Скопско | |
---|---|---|
Починал | 1944 Скопско |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Завршил само основно училиште. Се занимавал со земјоделство, но поради неплодноста на земјата, со семејството се преселил во село 'Ржаничино и таму живеел сè до одењето во армијата. Во септември 1944 година се приклучил во 8та македонска ударна бригада со која заминал кон Тетово, каде учествувал во акциите за конечното ликвидирање на балистичките банди. По извесен период се враќа и работи во Скопје. Загинал во несреќен случај, во ноември 1944 година, при уништување на заостанати мини. Бил погребан во 'Ржаничино, Скопско.