Слободен печат
Слободен печат — македонски дневен весник, чиј прв број излегол на 19 октомври 2013 година. Главен и одговорен уредник на весникот е Злате Лозановски. Слободен печат е најтиражен и најчитан македонски дневен весник и се дистрибуира низ целата територија на државата. Весникот е препознатлив и по неговите неделни карикатури, кои се пласираат во викенд-изданијата на печатеното издание.
Насловна страница | |
Тип | Дневен весник |
---|---|
Формат | Б2 |
Уредник | Злате Лозановски |
Основан | 2013 |
Јазик | Македонски |
Седиште | Кеј 13ти ноември, ГТЦ втор кат, локал 12 Д.Е.235, Скопје |
Тираж | 15.000 (2017) |
Страница | Електронско издание |
Од 2019 година, Слободен печат добива свој интернет-портал slobodenpecat.mk и од 2020 година важи за еден од петте најчитани македонски информативни портали. Од 2019 година, дел од „Слободен печат“ е и видеоплатформата Слободна ТВ. Емитува онлајн-програми на Јутјуб со вести, интервјуа и дебати. Во 2020 година, порталот овозможи читање на содржините на уште пет јазици: англиски, српски, бугарски, грчки и турски. Освен на видео-платформата Јутјуб, Слободен печат е присутен на друштвените мрежи Инстаграм, Фејсбук, Твитер и Линкед-Ин.
Медиумот е член на Здружението на печатените медиуми и на Советот за етика во медиумите. Дел е и од професионалниот регистар на медиуми и членови на Асоцијацијата на печатени медиуми на Југоисточна Европа (МАСЕ), со седиште во Подгорица.
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |