Кинофестивал
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Кинофестивал — организирано и широко прикажување на филмови во еден или повеќе кинотеатри или киносали сместени на една одредена местоположба. Филмовите можат да бидат нови и во зависност од строежот на самиот фестивал, тој може да вклучува филмови од меѓународни продукции како и филмови од домашната киноиндустрија. Понекогаш фестивалите се насочуваат кон одредени режисери или жанрови (на пример film noir ) или кон содржинатаa на филмот (на пример кинофестивали на кои се прикажуваат филмови со хомосексуални содржини). Голем број од кинофестивали прикажуваат само кратки филмови, секој со однапред одредена максимална должина. Вообичаено кинофестивалите се настани што се случуваат еднаш годишно.
ИсторијаУреди
Првиот поголем кинофестивал е одржан во Венеција во 1932 година. Меѓу поголемите и најстарите кинофестивали во светот се вбројуваат: Кинофестивалот во Локарно (1946) , Меѓународниот кинофестивал во Кралови Вари (1946) , Меѓународниот кинофестивал во Единбург (1947), Канскиот кинофестивал (1947) и Берлинскиот кинофестивал (1951). Меѓународниот кинофестивал во Единбург , Велика Британија е основан во 1947 година и воедно е кинофестивал во светот непрекинато работи од самото свое создавање. Кинофестивалот „Реинденс” е најголемиот, британски кинофестивал на независната кинематографија кој се одржува во Лондон , месец октомври. Првиот познат кинофестивал во Северна Америка одржан во 1953 година е Меѓународниот фестивал на филм и видео — „Колубос” познат и под името „Крисавордс” . Според Фондацијата за киноуметности во Сан Франциско[мртва врска] овој фестивал е едно од најстарите и најпрестижните документарно, образовно, бизнис и информативно натпреварување од ваков тип во САД , кое постои веќе 54 години . Четири години подоцна во март 1957 година одржан е Меѓународниот кинофестивал во Сан Франциско чијшто акцент беше ставен на долгометражните драматични филмови. Овој фестивал одигра главна улога во прикажувањето на странските филмови на американската публика. Помеѓу филмовите кои беа прикажани во годината кога е основан фестивалот се најдоа „Престолот на крвта” на Акира Куросава и „Татко Панчали” на Реј Сатјажит . Денес постојат илјадници кинофестивали ширум светот , од фестивали со висок профил како што е Кинофестивалот „Санденс” ( Сити Парк , Јута) па сè до кинофестивали на хоророт како што е Кинофестивал на ужасот” кој се одржува во Филаделфија . Дистрибуирањето на дигиталните играни филмови започна во 2005 година, заедно со основањето на првиот електронски кинофестивал во светот „Гринсин” спонзориран од ДИ- АЈ- ВИ-ИКС .
Плаќање на влезницаУреди
Повеќето од кинофестивалите бараат од киностудијата да платат влезница за да можат да ги прикажуваат своите филмови. Ова е вообичаено за поголемите кинофестивали како што се : Канскиот кинофестивал, Меѓународниот кинофестивал во Торонто, Кинофестивалот „Санденс” , „Саут бај саутвест” но и за помалите ,,бутик`` фестивали како што се Меѓународниот кинофестивал во Мајами и Британскиот урбан кинофестивал во Лондон. Сепак , не мора да се плаќаат влезници на сите кинофестивали . Н а пример Кинофестивалот во Ротардам не наплаќа влезница за доставените филмови. Исто така постојат и помали кинофестивали во САД, како што се Кинофестивалот „Стони Брук” во Лонг Ајленд, Њујорк или „Сицилијанскиот кинофестивал” во Мајами , Флорида кои не наплаќаат влезници , меѓутоа на овие фестивали прифаќањето на филмови е поограничено и тие не мораат да привлекуваат големи имиња во својата публика како што тоа го прават филските фестивали „Санденс” и „Телуррајд”. Некои кинофестивали како на пример Кинофестивалот во Портланд бара плаќање на влезници но тоа не важи за режисерите од еден одреден регион , како што се режисерите од северозападните соединети држави .
Значајни и истакнати фестивалиУреди
За три најугледни кинофестивали се сметаат Канскиот кинофестивал (кој се смета за најугледен кинофестивал во светот ), Берлинскиот кинофестивал и Кинофестивалот во Венеција .Овие кинофестивали напати се нарекуваат ,,Големата тројка”. „Трилогијата на три бои” на полскиот режисер Криштоф Киесловски е направена за секој од овие фестивали: сината за Венеција , Белата за Берлин и Црвената за кинофестивал во Кан . Најпопуларниот кинофестивал во Северна Америка е Меѓународниот кинофестивал во Торонто. „Тајмс” пишува дека овој фестивал од највлијателен есенски фестивал прерасува во највлијателен кинофестивал на епохата . Кинофестивалот Санденс , Кинофестивалот во Трибека и Светскиот Кинофестивал во Монтреал спаѓаат во поголемите кинофестивали во Северна Америка.
- Кинофестивали од А-класа
Канскиот кинофестивал, највлијателниот и најугледниот фестивал во светот како и кинофестивали во Венеција, Торонто, Берлин, Шангај, Москва, Сан Себастијан, Монтреал, Локарно (од 2002 година), Карлови Вари, Мар дел Плата, Каиро, Токио и кинофестивал во Варшава се наречени фестивали од А класа или фестивали од прва категорија од страна на Меѓународната федерација на здружени кинопродуценти .
- Експериментални филмови
Кинофестивалот „Ен Арбор” е основан 1963 година.Тој е најстариот кинофестивал за експериментални филмови во Северна Америка, кој континуирано работи од самото свое создавање. Овој фестивал е еден од премиерните кинофестивали за независни, но пред сè, за режисери на експериментални филмови каде тие можат да ја покажат својата работа .
- Независни филмови
Американските киноестивали :„Теллуррајд” , „Санденс” , „Саут бај Саутвест” во Остин и „Трибека” во Њујорк Сити се најзначајните кинофестивали на независни филмови. Најголемиот кинофестивал на независни филмови во Велика Британија е Кинофестивалот „Реинденс” .
- Значењето на Северна Америка
Меѓународниот кинофестивал во Сан Франциско основан во 1957 година е најстариот кинофестивал во Америка кој непрекинато работи од самото свое создавање. Тој ги истакнува актуелните трендови во меѓународната кино и видеопродукција кои Американската дистрибуција сè уште ги нема обезбедено. Меѓународниот кинофестивал во Торонто (1971) е најголемиот, најпрестижниот кинофестивал во Северна Америка , но и најпосетениот кинофестивал ширум светот . „Торонтос хот докс” е водечкиот кинофестивал на документарни филмови во Северна Америка. Исто така Торонто е седиште на најголем број на кинофестивали на културни , независни и историски филмови во светот. Најголемиот кинофестивал во однос на прикажаните играни филмови е Меѓународниот кинофестивал во Сијател , со прикажани 270 филма и приближно 170 кратки филмови. Во исто време на Кинофестивалот во Њујорк се прикажуваат само неколку филмови секоја година , сепак овој фестивал има големо влијание во Сад. Кинофестивалот „Санденс” е најголемиот кинофестивал на независни филмови.
- Значењето на латинска америка
Кинофестивалот „Картагена” основан во 1960 година од страна на Виктор Њето е најстариот кинофестивал во Латинска Америка. Нјважните кинофестивали во Латинска Америка се „Фестивал де грамадо” во Грамадо , Бразил и „Кинофестивалот Гвадалахара” во Гвадалахара , Мексико кои за првпат беа одржани во 1973 година за доделување на награди на латиноамериканските филмови. Започнувајќи од 1975 година во шпански град Хуелва се одржува Ибероамериканскиот кинофестивал „Хуелва” Архивирано на 14 декември 2010 г.. Најголемиот конкурентен кинофестивал во Мексико од областа на млади таленти е Кинофестивалот „Ехпресион де корто” што се одржува секоја година во текот на последната недела од Јули во двата колонијални града Сан Мигел де Аљенде и Гуанахуато.Помеѓу земјите во кој шпанскиот јазик е службен јазик се вбројуваат и кинофестивалите како што се Доминиканскиот меѓународниот кинофестивал Архивирано на 1 март 2011 г. кој се одржува еднаш годишно во Пуерто Плата , Доминиканската Република и Валдивскиот кинофестивал кој се одржува еднаш годишно во градот Валдивија , Чиле . Сè уште не е утврдено кој е најважниот кинофестивал во Чиле.
- Анимација
Меѓународниот кинофестивал за анимирани филмови „Анси” основан е во 1960 година и посветен е исклучиво на анимираните филмови. Други попознати кинофестивали од ваков вид се Кинофестивал на анимирани филмови во Загреб (1972), кинофестивалот во Отава(1976) , Кинофестивалот во Хирошима(1975) , КРОК (1989) и Анима Мунди (1992). Исто така постојат различни регионални фестивали во различни држави.
- Кинофестивали на Азискиот континент
Еден од најистакнатите азиски кинофестивали е кинофестивалот Osian's-Cinefan, кој неодамна се прошири и на Ара кинематографија ,покрај претходно споменатиов фестивал познат е и Меѓународниот кинофестивал Пусан.