Јосиф I (Свето Римско Царство)
Јосиф I (германски: Joseph I, унгарски: I. Lipót, роден на 26 јули 1678 во Виена — починал на 17 април 1711 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство, надвојвода на Австрија, крал на Хрватска и крал на Бохемија во периодот од 1705 до 1711 година, крал на Германија (1690—1711) и крал на Унгарија (1687—1711).
Јосиф I | |
---|---|
Крал на Германија | |
На престол | 23 јануари 1690 – 17 април 1711 |
Крунисување | 26 јануари 1690, Аугсбург |
Претходник | Леополд I |
Наследник | Карло VI |
Крал на Унгарија | |
На престол | 9 декември 1687 – 17 април 1711 |
Крунисување | 9 декември 1687, Пресбург |
Претходник | Леополд I |
Наследник | Карло VI |
Крал на Бохемија | |
На престол | 5 мај 1705 – 17 април 1711 |
Претходник | Леополд I |
Наследник | Карло VI |
Цар на Светото Римско Царство; Надвојвода на Австрија; Крал на Хрватска | |
На престол | 5 May 1705 – 17 април 1711 |
Претходник | Леополд I |
Наследник | Карло VI |
Роден(а) | 26 јули 1678 Виена |
Починал(а) | 17 април 1711 Виена | (возр. 32)
Почивалиште | Виена |
Сопружник | Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Линебург |
Деца | Марија Јосиф Леополд Јосиф Марија Амалија (1701-1756) |
Династија | House of Habsburg |
Татко | Леополд |
Мајка | Елеонора Магдалена фон Пфалц-Нојбург |
Вероисповед | Римокатоличка црква |
Рани години
уредиЈосиф бил син на царот Леополд I и неговата втора жена Елеонора Магдалена фон Пфалц-Нојбург. Иако бил прв син роден во овој брак, тој бил трет по старост син на Леополд и негово седмо дете. Претходно неговиот татко бил во брак со Маргарита-Тереза Шпанска со кој имал четири деца, но сите починале како мали. Потоа тој се оженил со Клаудија Фелисити Австриска, со која имал две ќерки но и тие починале како мали. Така Јосиф имал шест полубраќа и сестри.
Јосиф е роден во Виена и бил образован од страна на принцот Дијтрих Отон фон Залм, станувајќи добар јазичар. Во 1687 ја добил круната на Унгарија кога имал девет години, додека на 23 јануари 1690 година станал крал на Римјаните. За разлика од неговите роднини, иако бил римокатолик, Јосиф не го привлекувала религијата. Причината за ова можеби била тоа што тој бил поштеден од строго религиозно воспитување[1]. Тој како хоби најмногу ја сакал музиката и ловот[1].
Управување
уредиВо 1702 на почетокот на Војната за шпанско наследство служел целосно на војската, приклучувајќи се кон силите на царскиот генерал Лудвиг Вилхелм во опсадата на Ландау. Се смета дека кога му било советувано да не замине во војната, тој возвратил дека на оние на кој им било страв, можат слободно да се повлечат.
Јосиф ја наследил царската круна од својот татко во 1705 година. Тој ја имал среќата да управува со австриските територии, и да е глава на царството во текот на годините во кои неговиот доверлив генерал - принцот Евгениј Савојски, кој понекогаш делувал сам во Италија или да соработува со Џон Черчил, војвода од Марлборо во Германија и Фландрија, победувајќи ја армијата на кралот на Франција Луј XIV.
Во текот на управувањето на Јосиф I, Унгарија постојано била во конфликт со Ференц II Ракоци кои последователно наоѓал прибежиште во Османлиското Царство. Самиот цар не се борел директно против бунтовниците. Тој надополнил голем број на административни мерки кои биле воведени од страна на неговиот татко, помирувајќи се со сите противници со кои можел да соработува. Тој се борел храбро за она што сметал дека е негово како наследник на големиот престол. Јосиф се покажал како многу самостоен владетел за папата и непријателски настроен против Језуитите.
Јосиф покажувал интерес кон уметноста и музика, интерес кој го наследил од неговиот татко. Освен тоа бил и активен ловџија.
Семејство
уредиЈосиф се оженил на 24 февруари 1699 година во Виена за Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Линебург (1673-1742). Тие имале три деца:
- Марија Јосиф (1699-1757)
- Леополд Јосиф (1700-1701)
- Марија Амалија (1701-1756)
Литература
уреди- F. Krones von Marchiand, Grundriss der Oesterreichischen Geschichte (1882)
- F. Wagner, Historia Josephi Caesaris (1746)
- J. C. Herchenhahn, Geschichte der Regierung Kaiser Josephs I (1786–1789)
- C. van Noorden, Europäische Geschichte im achtzehnten Jahrhundert (1870–1882).
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Reforming zeal in the Baroque: Joseph I“. The World of the Habsburgs. english.habsburger.net. Архивирано од изворникот на 2011-12-14. Посетено на February 18, 2012.
Надворешни врски
уреди- Јосиф I (Свето Римско Царство) на Ризницата ?
- Joseph I во каталогот на Германската национална библиотека (германски)
- Joseph I.: "Regina coeli"
- Joseph I (Holy Roman Empire) - MSN Encarta ( Архивирано на 9 мај 2006 г. 2009-10-31)[1]
Јосиф I (Свето Римско Царство) Роден(а): 26 јули 1678 Починал(а): 17 април 1711
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Леополд I |
Цар на Светото Римско Царство Крал на Бохемија Надвојвода на Австрија Војвода од Тишен Крал на Хрватска 1705–1711 |
Наследник Карло VI |
Крал на Германија 1690–1711 со Леополд I (1690–1705) | ||
Крал на Унгарија 1687–1711 со Леополд I (1687–1705) |