Максимилијан III Јосиф
Максимилијан III Јосиф (германски: Maximilian III. Joseph Karl Johann Leopold Ferdinand Nepomuk Alexander von Bayern, роден на 28 март 1727 во Минхен - починал на 30 декември 1777 во Минхен) — владетел од династијата на Вителсбаховците како Изборен кнез на Баварија (1745–1777).
Максимилијан III Јосиф | |
---|---|
Изборен кнез на Баварија | |
На престол | 1745–1777 |
Претходник | Карло Албрехт |
Наследник | Карло II Теодор |
Роден(а) | 28 март 1727 Минхен |
Починал(а) | 30 декември 1777 Минхен | (возр. 50)
Почивалиште | |
Сопружник | Марија Ана Саксонска |
Династија | Вителсбаховци |
Татко | Карло Албрехт |
Мајка | Марија Амалија Хабсбург-Австриска |
Рани години
уредиМаксимилијан бил син на царот Карло Албрехт и неговата сопруга Марија Амалија Хабсбург-Австриска. Максимилијан учел на Инглоштатскиот универзитет. По смртта својот татко, Максимилијан го презел управувањето на Баварија.
Управување
уредиТри месеци по почетокот на владеењето, Максимилијан III Јосиф склучил сојуз со Марија Терезија, и на тој начин се откажал од претензиите на својот татко кон Хабсбурговците преку Војната за австриското наследство.
Максимилијан III се оженил на 9 јули 1747 година во Минхен за принцезата Марија Ана Саксонска (1728-1797), ќерка на полскиот крал Август III и неговата сопруга Марија Јосиф Австриска. Двајцата немале деца.
Во 1751 година бил објавен Максимилијановият кривичен законик (Codex Maximilianeus Juris Criminalis) преку кој биле кодифицирани казните и во духот на просветителството бил воведен принципот на еднаквост. Исто така биле отстранети и некои практики како што било на пример обезглавувањето, но биле воведени многу построги казни како бесилка за крадците. Максимилијан III Јозеф вовел данок на богатството на опатија и ги направил првите чекори кон зазимање на контрола над црквата.
Максимилијан III Јосиф се откажал и од намерите на своите предци да ја направи Баварија голема сила и бил неутрален за време на Седумгодишната војна. Обезбедувањето на долгогодишен му го донел на владетелот прекарот „Многусаканиот“. Во 1759 година била формирана Баварската академија на науките, а од 1771 година била воведена училишна реформа односно воведување задолжително одење на училиште.
Во 1777 година Максимилијан III починал од големи сипаници и бил погребан во Театинската црква во Минхен. Тој бил последен од баварската линија на Вителсбаховците. По кратката наследна војна, негов наследник станал Карло II Теодор.
Литература
уреди- K. Theodor von Heigel, Maximilian III. Joseph. Allgemeine Deutsche Biographie (ADB), 21, Duncker & Humblot, Leipzig 1885, S. 27–30.
- Alois Schmid: Maximilian III. Joseph. Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 16, Duncker & Humblot, Berlin 1990, ISBN 3-428-00197-4, S. 485–487 (Digitalisat).
- Andreas Kraus: Geschichte Bayerns: von den Anfängen bis zur Gegenwart. München, 1983 S.353-363
Максимилијан III Јосиф Роден(а): 28 март 1727 Починал(а): 30 декември 1777
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Карло Албрехт |
Изборен кнез на Баварија 1745–1777 |
Наследник Карло II Теодор |