Максимилијан II Емануел

Максимилијан II Емануел (германски: Maximilian II. Emanuel Ludwig Maria Joseph Kajetan Anton Nikolaus Franz Ignaz Felix[1], роден на 11 јули 1662 во Минхен - починал на 26 февруари 1726 во Минхен) — владетел од баварската Династија Вителсбах како изборен кнез на Баварија од 1679 година до 1726 година, како и управник на Шпанските Ниски Земји.

Максимилијан II Емануел
Изборен Кнез на Баварија
На престол1679–1726
ПретходникФердинанд Марија
НаследникКарло Албрехт
Роден(а)11 јули 1662(1662-07-11)
Минхен
Починал(а)26 февруари 1726(1726-02-26) (возр. 63)
Минхен
СопружникМарија Антонија Австриска
Тереза ​​Кунегунда Собиеска
Деца
  • Леополд Фердинанд
  • Антон
  • Јозеф Фердинанд Леополд
  • Марија Ана Каролина
  • Карло Албрехт
  • Филип Мориц
  • Фердинанд Марија
  • Клеменс Август
  • Вилхелм
  • Алојс Јохан Адолф
  • Јохан Теодор
  • Максимилијан Емануел Томас
  • Емануел Франсоа Јосиф
  • Марија Јосиф фон Сионсперг
ДинастијаДинастија Вителсбах
ТаткоФердинанд Марија
МајкаХенриета Аделхајд Савојска

Рани години

уреди

Максимилијан II Емануел е роден во Минхен. Тој бил првиот син на Фердинанд Марија и принцезата Хенриета Аделхајд Савојска (1636 - 1676).

По неговото раѓање неговата мајка ја добила на подарок палатата Нимфенбург и започнала со изградба минхенската Театинска црква.

Управување

уреди

По смртта на неговиот татко на 26 мај 1679 година тој го презел управувањето на Изборно Кнежевство Баварија, најпрвин до 1680 година под надзор на неговиот чичко Максимилијан Филип фон Лојхтенберг, модернизирајќи ја баварската армија по пример на француската.

Максимилијан II се имал активна улога во европската политика. За разлика од својот татко, тој јасно се позиционирал кон Хабсбурговците. На 26 јануари 1683 година потпишал договор со царот Леополд I за заеднички сојуз против Турците. Во јули истата година армијата на Максимилијан II учествувала во Опсадата на Виена. Во 1686 година Максимилијан II учествувал во ослободувањето на Буда, а во септември 1688 година командувал со армијата која го зазела Белград и во тој период од страна на Османлиите го добил прекарот „Синиот крал“, според својата сина униформа.

Од страна на светиот римски цар бил прогласен за генералисимус и витез на „Орденот на златното руно“.

По грабежот на Пфалц од Французите, Максимилијан II Емануел активно учествувал во битките против нив. Неговиот син Јосиф Фердинанд Леополд бил прогласен од шпанскиот крал Карло II за негов наследник, но тој починал неочекувано во 1699 година. Кога Карло II го одредил за свој наследник Филип, внук на Луј XIV, во 1701 година започнала Војна за шпанското наследство. Изборниот кнез започнал војна со Французите. По поразот од 13 август 1704 година Максимилијан II бил протеран од Баварија во Холандија. По Рашатскиот договор, Максимилијан II се вратил назад во Баварија, но не успал да ја исполни својата желба да стане крал.

По враќањето Максимилијан II потрошил над 8 милиони гулдени за различни архитектонски проекти до крајот на својот живот во 1726 година.

Максимилијан II ја изградил летната резиденција Лустхајм во паркот Шлајсхајм и го проширил дворецот Нимфенбург. Исто така тој купил 101 слики, од кои дванаесет од Петер Паул Рубенс, кои денес се наоѓаат во Старата пинакотека.

Во 1722 година тој го оженил својот син Карло Албрехт за Марија Амалија Хабсбург-Австриска, ќерка на царот Јосиф I.

Максимилијан II починал во 1726 година од срцев удар и бил погребан во Театинската црква, изградена од неговиот татко.

Семејство

уреди

На 15 јули 1685 во Виена се оженил за Марија Антонија Австриска, ќерка на царот Леополд I и неговата сопруга, Маргарита-Тереза ​​Шпанска. Тие имале три деца:

  • Леополд Фердинанд
  • Антон
  • Јозеф Фердинанд Леополд

По нејзината смрт тој се оженил во март 1693 година со принцезата Леополдина Елеонора од Пфалц, ќерка на изборниот кнез Филип Вилхелм од Пфалц, која починала три недели подоцна.

На 2 јануари 1695 се оженил за принцезата Тереза ​​Кунегунда Собиеска од Полска, ќерка на полскиот крал Јан III Собиески. Двајцата имале десет деца:

  • син без име
  • Марија Ана Каролина
  • Карло Албрехт
  • Филип Мориц
  • Фердинанд Марија
  • Клеменс Август
  • Вилхелм
  • Алојс Јохан Адолф
  • Јохан Теодор
  • Максимилијан Емануел Томас

Од неговата метреса Агнес Франсоа Ле Лушие, тој имал еден син:

  • Емануел Франсоа Јосиф

Од друга метреса тој имал една ќерка:

  • Марија Јосиф фон Сионсперг

Литература

уреди
  • Ludwig Hüttl, Max Emanuel. Der Blaue Kurfürst 1679 – 1726. Eine politische Biographie. München: Süddeutscher Verlag, 1976. ISBN 3-7991-5863-4
  • Marcus Junkelmann, Kurfürst Max Emanuel von Bayern als Feldherr. München: Herbert Utz Verlag, 2000. ISBN 3-89675-731-8
  • Karl Theodor von Heigel: Maximilian II. Emanuel. In: Allgemeine Deutsche Biographie (ADB). Band 21, Duncker & Humblot, Leipzig 1885, S. 22 – 27.
  • Ludwig Hüttl: Maximilian II. Emanuel. In: Neue Deutsche Biographie (NDB). Band 16, Duncker & Humblot, Berlin 1990, ISBN 3-428-00197-4, S. 480 – 485 (Digitalisat).
  • Marcus Junkelmann: Kurfürst Max Emanuel von Bayern als Feldherr. Herbert Utz, München 2000, ISBN 3-89675-731-8.
  • Manfred Weitlauff: Die Reichskirchenpolitik des Hauses Bayern unter Kurfürst Max Emanuel (1679 – 1726). Vom Regierungsantritt Max Emanuels bis zum Beginn des Spanischen Erbfolgekrieges (1679 – 1701). St. Ottilien 1985, ISBN 3-88096-124-7.

Наводи

уреди
  1. Spencer 2005.

Надворешни врски

уреди
Максимилијан II Емануел
Роден(а): 11 јули 1662 Починал(а): 26 февруари 1726
Владејачки титули
Претходник
Фердинанд Марија
Изборен Кнез на Баварија
1679–1726
Наследник
Карло Албрехт
Претходник
Филип V & VII
Војвода од Луксембург
Гроф од Намур

1712–1713
Наследник
Карло V & IV
Политички функции
Претходник
Франсиско Антонио де Агурто
Управник на Ниските Земји
1692–1706
Незаземено
Британска окупација
Следен носител на титулата
Евгениј Савојски
како Управник на Австриските Ниски Земји