Караѓулевци (Охрид)
„Караѓулевци“
| |
Затворениот премин на гробницата | |
Местоположба | 41°6′53.0″N 20°47′36.3″E / 41.114722° СГШ; 20.793417° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
Портал „Археологија“ |
Караѓулевци — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува гробница од древномакедонско време, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Гробницата е пронајдена во Горни Сарај, во непосредна близина западно од Античкиот театар. Се состои од засводен дел со скалила, дромос, преткомора и комора. Датира од периодот на IV – III век п.н.е. Откриена е во XIX век, кога најверојатно е и ограбена.[1] Проучена е при ископувањето во 1994 - 1996 година извршено од Филозофскиот факултет во Скопје и Музејот на Охрид под ръаководство на Вера Битракова-Грозданова, Владо Маленко, Паско Кузман и Нада Почуча-Кузман.[2]
На 8 април 1998 година е прогласена за споменик на културата под името Античка гробница „Караѓулевци“.[3]
Германскиот јазичар Густав Вајганд во 1894 г. напишал за гробницата (која погрешно ја сметал римска):
„ | Треба да се забележи еден римски гроб, кој Хан очигледно не можел да го дознае. Тој гроб е откриен во куќата на господинот Никола Караѓула пред 40 години. Од подрумот на таа куќа преку една дупка се стасува до едно ходниче кое води до некогашната улица што минува крај езерото. Подоцна таа улица е затворена и на неа се изградени куќи. Една врата,[4] направена од песочник, води од галеријата, која е висока 1,5 м, кон гробот. Ѕидовите на гробот се малтерисани и бојадисани со помпејска црвена боја, и оваа боја е добро зачувана: Гробницата е висока 3 м, широка 2 м и долга 3,5 м. Ѕидовите се мазни и без слики или натписи, а само на западниот ѕид се забележуваат некои нацртани орнаменти. При откривањето на гробот се најдени три ковчега, и колку и да се трудев, не успеав да дознаам што станало со нив.[5] | “ |
Галерија
уреди-
Информативна табла кај гробницата
-
Информативна табла кај гробницата
Поврзано
уреди- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Културно наследство на Македонија во Општина Охрид;
- Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време;
- Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време;
- Видобишта — гробница од римско време;
- Горно Трново — населба од римското време;
- Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола;
- Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време;
- Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика;
- Долно Трново — населба од неолитското време;
- Козлук — населба од римското време;
- Карабегомала — храм од хеленистичкото време;
- Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти;
- Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време;
- Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век;
- Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола;
- Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век;
- Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век;
- Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век;
- Охрид - Лихнид — Антички град;
- Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви;
- Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век;
- Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола;
- Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
- Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети;
- Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола;
- Хермелеја — населба од римското време.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 61.
- ↑ „Значајни археолошки истражувања“. Општина Охрид. Архивирано од изворникот на 2018-04-28. Посетено на 9 март 2020.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 156.
- ↑ Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 53.
- ↑ Вайгандъ, Густавъ (1899). Аромѫне: Етнографическо-филологическо-историческо издирвания на тъй наречения народъ македоно-ромѫне или цинцаре. Варна: Издание на П. Хр. Генковъ. стр. 54.