Енгелана

археолошко наоѓалиште во Македонија
Енгелана

Рушевини на Енгелана

Карта

Местоположба 41°08′37″N 20°45′53″E / 41.14361° СГШ; 20.76472° ИГД / 41.14361; 20.76472
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 утврдена населба


Период раноантичко време
хеленистичко време
Портал „Археологија“

Енгелана (Кулишта) — археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува утврдена населба од раната антика и старомакедонско време[1]. Тврдината е градена од масивни, добро обработени блокови од камен.[2]

Наоѓалиштето е сместено 5 км северозападно од Охрид, над пештерната црква „Св. Еразмо“. Ова место се нарекува Габавски Рид, кој се извишува во планината Галичица. Објектот го носи прекарот Македонската Микена заради киклопската градба на рушевините.[3][4]

Опис и одлики

уреди

Според археолошките истражувања, монументалната градба на ова утвдена населба датира од IV век п.н.е. и била престолнина на племето Енхелејци (Енгелани), подоцна наречени Десарети. Тие во антиката го населувале подрачјето околку денешен Охрид и на запад граничеле со териториите на Илирите. Според археологот Паско Кузман ова племе не е илирско или старогрчко, туку е дел од етничките супстрати од кои подоцна настанал македонскиот народ. Се смета дека Енхелејците ги основале градовите Лихнид (претходник на денешен Охрид) и Енхалон (веројатно денешна Струга).[5]

Се претпоставува дека тврдината играла стратешка улога во војната на Филип II Македонски против Илирите во 358 г. п.н.е.[6]

Археолошки истражувања

уреди

Првите делумни ископувања на киклопските ѕидини се извршени во 1931 и 1932 г. од страна на германскиот архгеолог Вилхелм Унферакт и југословенскиот археолог Миодраг Грбиќ од Народниот музеј во Белград. Археолозите го проучувале највисокиот дел на тврдината, каде се смета дека живеел владетелот и неговиот двор, како и западните ѕидини, кои биле зајакнати од шест моќни монументални кули, изградени од мегалитни каменни блокови со големина од 1,80 × 0,90 м.[7]

Во 1975 и 1976 г. под киклопските ѕидини на тврдината се откриени темелите на ранохристијанската базилика „Св. Еразмо“ со некрополата.[8]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Охрид
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 273. ISBN 9989-649-28-6.
  3. „vest.com.mk „ЌЕ СЕ ОТКОПУВА МАКЕДОНСКАТА МИКЕНА". Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 2020-11-20.
  4. wikimapia.org – Archaelogical site of Egelana
  5. Johann Georg von Hahn (1811 – 1896), Albanesische Studien, S.240.
  6. Полибиј 5, 108
  7. V. Unverzagt, Die Burganlage uber dem Kloster Sv. Erasmo am Ochridasee, Germania XXXII, 1954, 19 – 21, Taffel 9
  8. M. Ricl, Polibije, Istorija I, Matica Srpska, Novi Sad 1988

Надворешни врски

уреди