Комплекс „Св. Софија“ (Охрид)
„Комплекс „Св. Софија““
| |
Местоположба | 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
ран среден век | |
Портал „Археологија“ |
Комплекс „Св. Софија“— археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува црква , гробови утврдување од римско време, доцноантичко време ран среден век[1]. Се наоѓа на јужниот простор меѓу двата рида, близу до езерото, меѓу денешните значајни улични комуникации во стариот дел на градот: „Илинденска “ и „Самоилова “ и „Коста Абраш “. Комплексот ги подразбира археолошките остатоци во рамките на катедралната црква Св. Софија и нејзината непосредна околина од сите четири страни, вклучувајќи го главниот објект со архитектонски показатели од хронолошките фази - римска, доцноантичка и раносредновековна, и придружните објекти северно и јужно, гробни конструкции и остатоци од еден крак на охридската тврдина што е евидентиран југоисточно покрај црквата. Комплексот е истражуван археолошки во 1951 г. (Р. и М. Ќоровиќ, Љубинковиќ), 1971 г. (В. Маленко), 1984/1985 г. (М. Петровски и В. Маленко) и геомеханички е сондиран во 1985 г. (Б. Чипан и В.Маленко). Во 1948 година, во текот на конзерваторските работи на црквата, на 20 см под подот во средината на егзонартексот се откриени 18 сребрени српски динари од XIV век (Б. Алексова). Резултатите од археолошките истражувања до излегувањето на ова издание, не се објавени. Кондаков П. Н. , 1909, 242-250; Месеснел Ф., 1934, 30-36; Снегаров И., 1943, 16-23; Коцо Д., 1949, 341- 358; Алексова Б., 1955а, 20-21; Бошковиќ Ѓ., Томовски К., 1961, 76-84; Николовски А., Ќорнаков Д., Балабанов К., 1971, 175-179; Маленко В., 1980, кат. бр. 763-767, 785, 786.
Поврзано
уреди- Антички театар — театар од хеленистичкото и римското време;
- Античка Фурна — осамен наод од доцноантичкото време;
- Видобишта — гробница од римското време;
- Горно Трново — населба од римското време;
- Горица — некропола од римското време и средновековна црква со некропола;
- Гумништа - Инвалидско Одморалиште — населба и некропола од римското време;
- Дебој — некропола од хеленистичкото и римското време и од средниот век и старохристијанска базилика;
- Долно Трново — населба од неолитското време;
- Козлук — населба од римското време;
- Карабегомала — храм од хеленистичкото време;
- Комплекс „Попарница“ — осамени наоди од римското време, старохристијански и рано средновековни сакрални објекти;
- Комплекс „Св. Климент“ — објекти и црква од старохристијанско време;
- Комплекс „Св. Софија“ — археолошки остатоци од римско и доцноантичко време и ран среден век;
- Комплекс „Св. Спас“ — осамен наод од римското време, старохристијанска и средновековна црква со некропола;
- Комплекс „Стара Чаршија“ — некропола од железното време до раниот среден век;
- Кошишта — некропола од хеленистичко, римско време и раниот среден век;
- Лабино — археолошки остатоци од бронзеното време до раниот среден век;
- Охрид - Лихнид — Антички град;
- Комплекс „Св. Пантелејмон“ — старохристијански и средновековни цркви;
- Самуилова тврдина — тврдина од хеленистичкото, доцноантичкото и средниот век;
- Св. Еразмо — старохристијанска базилика и некропола;
- Енгелана — утврдена населба од раноантичкото и хеленистичкото време;
- Св. Стефан - Горица — депо на средновековни монети;
- Студенчишта — старохристијанска базилика и некропола;
- Хермелеја — населба од римското време;
- Охрид;
- Список на археолошки наоѓалишта во Охридско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија [2];
Наводи
уреди- ↑ „Охрид“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-15.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |