Комплекс „Стара чаршија“ (Охрид)

археолошко наоѓалиште во Охрид
Комплекс „Стара Чаршија“

Карта

Местоположба 41°06′50″N 20°48′0″E / 41.11389° СГШ; 20.80000° ИГД / 41.11389; 20.80000
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 некропола  светилиште  фурна

Период железно време
хеленистичко време
римско време
доцноантичко време
ран среден век
Портал „Археологија“

Комплекс „Стара Чаршија“археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува некропола со временско протегање од железното време, па сè до раниот среден век. Има простран зафат, и приближно се совпаѓа со Старата охридска чаршија.

Се наоѓа во источното подножје од понискиот источен рид на Охрид. На просторот од денешната ул. „Св. Климент Охридски“, како и лево и десно од неа, од Чинарот на север до Плоштадот кај езерото на југ, Долна порта на југозапад и Домот на културата „Григор Прличев“ на југоисток, се утврдени археолошки наоди, и тоа:[1]

  • во близината на Чинарот — засводена гробница и светилиште;
  • кај книжарницата на „Нова Македонија“, јужно од Чинарот — македонско-хеленистички гробови;
  • кај стоковната куќа „Билјана“ — гробови од железното време, македонско-хеленистички и римски, како и античка фурна;
  • кај куќата од семејството на Љубен Чекреџи, на околу 100 м југозападно од Чинарот — исто така гробови од мекедонско-хеленистичкото и римското време
  • кај комплексот „Амам“ — доцноантички хоризонти и гробови
  • просторот од Плоштадот и Домот на културата „Глигор Прличев“ — остатоци од црквата „Св. Димитрија“ и раносредновековни гробни конструкции.[1]

На овој комплекс се вршени заштитни ископувања во 1971 г. (Народен музеј - Охрид) и во 1976 г. (Завод и музеј - Охрид).

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 270-271. ISBN 9989-649-28-6.