Козлук (Охрид)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Козлук

Карта

Местоположба 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД / 41.11667; 20.80000
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Козлукархеолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува населба од римско време[1]. Се наоѓа на 1 км западно од градот, во непосредната близина на крстосницата Охрид - Кичево -Скопје. Со заштитните археолошки истражувања во 1974, 1982 и 1983 година е откриена монументална градба – раскошна вила со терма. Објектот има три апсидни делови,повеќе големи простории и остатоци од хипокауст во северниот крај. Во повеќе простории се пронајдени површини од подни мозаици. Наодите се чуваат во Заводот и музеј - Охрид.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Охрид“. Архивирано од изворникот на 2020-09-30. Посетено на 2020-08-15.
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069