Античка Фурна (Охрид)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Античка Фурна

Карта

Местоположба 41°07′00″N 20°48′00″E / 41.11667° СГШ; 20.80000° ИГД / 41.11667; 20.80000
Основни податоци
Место Охрид
Општина Охрид
Тип

 осамен наод


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Античка Фурна археолошко наоѓалиште во градот Охрид. Претставува осамен наод од доцноантичкото време[1]. На 5-тиот километар од левата страна на патот Охрид - Св. Наум е откриена фурна за печење тули. Има четвртеста форма и е составена од два дела. Горниот е четвртест и служел за поставување на непечени тули, а долниот е дводелен, со сводести окна што служеле за загревање на горниот дел. Фурната е случајно откриена во 1969 година, при изградбата на асфалтниот пат, а во 1972 година е конзервирана.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Охрид
  2. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 240, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069