Канџа (село)
Канџа (грчки: Ανοιξιά, Аниксија) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аниксија бил дел од општина Маслар[2].
Канџа Ανοιξιά | |
---|---|
Координати: 40°45′N 23°26′E / 40.750° СГШ; 23.433° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски округ |
Општина | Општина Бешик |
Општ. единица | Маслар |
Надм. вис. | 420 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 174 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 570 16 |
Повик. бр. | +30-2393-xxx-xxx |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 34 километри западно од Ставрос и 61 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), над јужниот брег од Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 420 метри.
Во селото се наоѓа црква посветена на Свети Атанасиј.
Историја
уредиВо XIX век Канџа било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Во статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото не се споменува, кое означува дека селото порано било напуштено.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско село со 42 семејства и со 177 жители.[4], додека во 1940 година селото броело 369 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 353 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 478 жители, во 1971 година имало 404 жители, во 1981 година имало 327 жители, додека во 1991 година имало 278 жители[5] а во 2001 имало 254 жители[6]. Денеска, населението на селото е 238 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 369 | 353 | 478 | 404 | 327 | 278 | 254 | 238 | 174 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Св. Пантелејмон“ 1932 г., а потоа обновувана
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-07.