Отвори го главното мени

Тичино

кантон во Швајцарија

Тичино (италијански: Ticino) е еден од кантоните во Швајцарија. Тичино е најјужниот кантон во федерацијата и единствен кантон каде само италијанскиот е службен јазик. Името на кантонот потекнува од реката Тичино. Тични со граничи со Ури на север, Вале на запад, Граубинден на североисток и со Италија на југ. Во самиот кантон се наоѓа италијанската ексклава Кампионе д’Италиа. Тичино, заедно со делови од Граунинден, ја сочинуваат т.н. Италијанска Швајцарија.

Cantone Ticino
Кантон во Швајцарија
Грб на Cantone Ticino
Грб
Map of Switzerland, location of Тичино highlighted
Координати: 46°19′N 8°49′E / 46.317° СГШ; 8.817° ИГД / 46.317; 8.817Координати: 46°19′N 8°49′E / 46.317° СГШ; 8.817° ИГД / 46.317; 8.817
Главен градБелинцона
Најголем градЛугано
Поделба157 општини, 8 окрузи
Управа
 • ИзвршнаСовет на Тичино (5)
 • ЗаконодавнаГолем совет на Тичино (90)
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 • Вкупно336,943
Највисока точка3,402 м (11,161 ст) - Адула
Најниска точка195 м (640 ст) - Маџоре
Приклучување кон Конфедерацијата1803
КратенкиTI
Јазицииталијански
Мреж. местоTI.ch

ГеографијаУреди

Тичино се наоѓа во јужниот дел на Швајцарија и е опколен од Италија од исток, запад и југ. На север се наоѓаат швајцарските кантони Вале, Ури и Гаубинден. Тичино има вкупна површина од 2.812 километри квадратни, од кои 3 четвртини се сметаат за продуктивни.[3] Со шума е зафатена третина од територијата на кантонот. Во кантонот се наоѓаат езерата Маџоре и Лугано. Најголема река во кантонот е реката Тичино.

Административна поделбаУреди

 
Окрузи во Тичино.

ОкрузиУреди

Кантонот Тичино е поделен на 8 окрузи:

ОпштиниУреди

Кантонот е составен од 157 општини, според состојбата до 2010 година. Општините се групирани во подокрузи, а подокузите во окрузи.

ДемографијаУреди

Вкупното население на кантонот, според податоците за 2010 година, е 333.753 жители. Според податоците од 2007 година, во кантонот имало 82.794 странци или 25.2% од вкупното население[4]. Густината на население на кантонот е 114.6 лица на километар квадратен.[3] Во 2000 година, 83.1% од населението зборувале италијански, 8.3% зборувале германски и 1.7% зборувале српскохрватски.[3] Околу 76% од населението се Католици и 7% Протестанти.[5] Единствен официјален јазик е италијанскиот.

КултураУреди

Во кантонот се издаваат четири дневни весници на италијански јазик: Corriere del Ticino, laRegione Ticino, Giornale del Popolo и Il Grigione Italiano.[6]

НаводиУреди

  1. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  2. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  3. 3,0 3,1 3,2 Federal Department of Statistics (2008). „Regional Statistics for Ticino“. конс. 2008-11-23. 
  4. Federal Department of Statistics (2008). „Ständige Wohnbevölkerung nach Staatsangehörigkeit, Geschlecht und Kantonen“ (Microsoft Excel). конс. 2008-11-05. 
  5. Federal Department of Statistics (2004). „Wohnbevölkerung nach Religion“ (Interactive Map). конс. 2009-01-15. 
  6. „Il Grigione Italiano“. Ilgrigioneitaliano.ch. 2010-06-26. конс. 2012-01-28. 

Користена литератураУреди

  • Marcello Sorce Keller,“Canton Ticino: una identità musicale?”, Cenobio, LII(2003), April–June, pp. 171–184; also later published in Bulletin – Schweizerische Gesellschaft für Musikethnologie und Gesellschaft für die Volksmusik in der Schweiz, October 2005, pp. 30–37.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди