Вале

кантон во Швајцарија

Кантон Вале или Валис (скратеница VS; француски: République et Canton du Valais, германски: Kanton Wallis) – кантон на југозапад на Швајцарија. Главен град е Сион.

Вале
Valais

Valês  (јазик?)
Кантон
Знаме на Вале ValaisГрб на Вале Valais
Химна: Notre Valais/Wallis, unser Heimatland
("Our Valais/Valais, our homeland")
Карта
Местоположба во Швајцарија
Главен градСион
Поделба143 општини, 13 окрузи
Управа
 • ИзвршнаДржавен совет (Conseil d'État, Staatsrat) (5)
 • ЗаконодавнаГолем совет (130)
Површина[1]
 • ВкупнаПредлошка:Swiss area км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (декември 2011)[2]
 • Вкупно317.022
ISO 3166CH-VS
Највисока точка4,634 м (15,203 ст): Поант Дифур
Најниска точка372 м (1,220 ст): Женевско Езеро
Приклучен1815
Јазицифранцуски, германски
Мреж. местоvs.ch

Природни одлики

уреди

Кантонот Вале се наоѓа во долината на горна Рона, до нејзиното устие во Женевското Езеро. Оваa долина е столбот на кантонот. На југ и запад се граничи со Италија и Франција. Највисок врв е Поант Дифур со 4.634 метри, а кантонот има 50 врвови повисоки од 4.000 метри. Површината на кантонот е 5.224,5 км2, што е 10% од површината на Швајцарија. Тука се наоѓа знаменитиот ледник Алеч, превојот Симплон и врвот Матерхорн. Познати се зимските центри Кранс-Монтана и Цермат.

Историја

уреди
 
Окрузи на кантонот Вале

Овој кантон-република ѝ се придружил на Швајцарската Конфедерација во 1815 година, после Виенскиот конгрес, иако со неа бил во посебни врски од 1529 година.

Окрузи

уреди
  1. Бриг - седиште Бриг-Глис,
  2. Вестлих Рарон - седиште Рарон,
  3. Висп - седиште Висп,
  4. Гомс - седиште Минстер-Гешинен,
  5. Ерен - седиште Еволен,
  6. Естлих - седиште Мерил-Филет,
  7. Конте - седиште Конте,
  8. Лојк - седиште Лојк,
  9. Мартињи - седиште Мартињи,
  10. Монте - седиште Монте,
  11. Онтремон - седиште Сомбранше,
  12. Сен-Морис - седиште Сен-Морис,
  13. Сијер - седиште Сијер/Зидерс,
  14. Сион - седиште Сион.

Население и населби

уреди

Кантонот Вале во 2008 година имал 303.241 жител.

Кантонот е двојазичен. Се зборува француски (72,8%) и германски јазик (27,1%), или попрецизно дијалекти од овие јазици. Преку 90% од жителите се католици.

Најголеми градови се:

Стопанство

уреди

Главни стопански грански се винарството, туризмот и производство на електрична енергија во хидроелектрани. Вале е еден од најсиромашните швајцарски кантони.

Галерија слика

уреди

Наводи

уреди
  1. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  2. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)

Надворешни врски

уреди