Кантонот Нидвалден, исто така Кантон Нидвалд (германски: Kanton Nidwalden) е кантон на Швајцарија. Сместено е во средиштето на Швајцарија. Населението е 40.278 (во 2007 година) од кои 4.046 (или 10%) се странци.[3] Главниот град е Штанс.

Нидвалден
Кантон
Грб на Нидвалден
Карта
Местоположба во Швајцарија
ПрестолнинаШтанс
единици11 општини
Управа
 • ИзвршнаРегиерунгсрат (7)
 • ЗаконодавнаЛандрат (60)
Површина[1]
 • Вкупна275,84 км2 (10,650 ми2)
Население (декември 2018)[2]
 • Вкупно43,223
 • Густина160/км2 (400/ми2)
ISO 3166CH-NW
Највисока точка2,901 м: Ротштокли
Најниска точка434 м: Езеро Луцерн
Примен1291 година
Јазицигермански
Мреж. местоnw.ch

Географија

уреди
 
Баналпзее

Нидвалден се наоѓа во средината на Швајцарија. На север се граничи со Езерото Луцерн (Вирвалдштатерзее), на сите други насоки со планинскиот венец (Урнерските Алпи). Областа на кантонот е 276,1 км2 од кои околу 40% е населено или користено за земјоделство.[4] Шумите зафаќаат околу една третина од кантонот, а околу една четвртина се сметаат за непродуктивни (планини или ледници).

Општини

уреди

Постојат единаесет општини: Бекенрид, Буохс, Даленвил, Еметен, Енетбирген, Енетмоос, Хергисвил, Обердорф, Штанс, Штанштад и Волфеншисен. Главниот град е Штанс.

Економија

уреди

До 20 век, во Нидвалден преовладувало земјоделството. Говедата и сирењето се извезувале главно во северна Италија. Околу 1500 година, многу луѓе во Нидвалден работеле како платеници-војници.

Од средината на 19 век, наваму, трговијата, индустријата и туризмот добиле интензитет. Како и да е, до средината на 20 век земјоделството доминирало во кантонот. Денес голем број мали и средни бизниси доминираат во економијата. Најголем работодавец е конструкторот на авиони „Пилатус“. Малите и средни бизниси работат во широк спектар на области. Многумина се специјализирани во машинска конструкција, медицинска опрема, меѓународна трговија, оптика и електроника.

Традиционалните области како што се шумарството и земјоделството сè уште се од важност. Земјоделството е специјализирано за сточарство и млечни производи. Фармите сè уште ги водат поединечни семејства.

Во последниве години, Нидвалден станува сè повеќе вообичаено место за живеење и работа. Ова е предизвикано од нејзините ниски даноци, неговата средишна локација помеѓу Цирих и Милано, и неговата природна околина. [ <span title="The time period mentioned near this tag is ambiguous. (April 2019)">кога?</span>[ оригинално истражување?

Туризам

уреди
 
Врвот на Штансерхорн кој ги покажува ресторанот и жичарницата

Поради својата планинска географија, туризмот е важен во Нидвалден. Езерото и планините привлекуваат многу туристи, и во текот на зимата и во текот на летото. Најголемите одморалишта вклучуваат Клевеналп, Штансерхорн (планина), регионот околу Баналп и Биргеншток .

Култура

уреди

Традиционалната култура во Нидвалден била сочувана од многу мештански организации. Има традиционална музика, јодлање, танци, театри и фестивали. Исто така, има голем број на современи културни настани, како концерти и галерии.

Белешки и наводи

уреди
  1. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  2. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  3. Federal Department of Statistics (2008). „Ständige Wohnbevölkerung nach Staatsangehörigkeit, Geschlecht und Kantonen“. Архивирано од изворникот (XLS) на 15 декември 2008. Посетено на 30 април 2020.
  4. Federal Department of Statistics (2008). „Regional Statistics for Nidwalden“. Посетено на 30 април 2020.

Надворешни врски

уреди