Женева (кантон)

кантон во Швајцарија

Кантон Женева (скратеница GE, француски: République et Canton de Genève) – кантон на крајниот југозапад на Швајцарија. Главен град на кантонот е Женева.

Република и кантон Женева
Кантон
Грб на Република и кантон Женева
Грб

Местоположба во Швајцарија
Административен центарЖенева
Поделба45 општини
Управа
 • Извршна властДржавен совет (7)
 • Законодавна властГолем совет на Женева (100)
Површина[1]
 • Вкупна282.49 км2 (109.07 ми2)
Население (декември 2011)[2]
 • Вкупно284.668
 • Густина1,000/км2 (2,600/ми2)
ISO 3166CH-FR
Највисока точка516 m: Ле Зарал
Најниска точка332 m: Рона и Шанси
Пристапено1815
јазицифранцуски
Мреж. местоfr.ch

Природни одликиУреди

Кантонот Женева се наоѓа на западниот брег на Женевското Езеро, на местото каде од него истекува Рона. Го опфаќа градот Женева и нејзината близина. Од готово сите страни е опкружен со територија на Франција. Од швајцарските кантони, има само кратка граница со кантонот Во. Највисокиот врв е на надморска висина од 516 метри. Површината на кантонот е 282 км2.

ИсторијаУреди

 
Поделба на кантонот на општини

Кантонот Женева е еден од кантоните кои најдоцна ѝ се придружиле на Швајцарија. Тоа се случило во 1815 година, после Виенскиот конгрес. Како и некои други кантони, и кантонот Женева себеси се смета за засебна република.

Становништво и насељаУреди

Кантон Женева во 2018 година има 499.480 жители.

Во кантонот Женева се зборува француски јазик. Кантон е како колепка на калвинизмот и официјално е протестантски, иако денес во него живеат повеќе римокатолици. Женева е космополитски град и седиште на многу меѓународни установи. Странците сочинуваат 37,42% од населението.

Единствен „прав“ град е Женева, додека сите останати населби се нејзини предградија. Од нив најголеми населби се Верние, Ланси и Мерен.

СтопанствоУреди

Стопанството се заснова на трговија и финансиски услуги.

Галерија сликаУреди

НаводиУреди

  1. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  2. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)

Надворешни врскиУреди