Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија

Автомобилски регистарски таблички во Швајцарија ги издаваат службите на кантоните, кои се задолжени за моторните возила. Од 1933 година на ознаките се наоѓаат две букви за ознаката на кантонот и еден до шест броеви.

Ознака на кантонот на Цирих (ZH)

Ознаки на кантоните уреди

За разлика од повеќето други земји во Европа, швајцарските регистарски таблички не се доделуваат посебно за возилото, туку му се доделуваат на неговиот сопственик. Во многу кантони, регистерот на регистарски таблички е достапен за јавноста, понекогаш дури и преку интернет. Во некои кантони можат да бидат откупени таблички за најмногу 99 стари (“олд тајмери“) автомобили (автомобилот мора да биде постар од 30 години).[1]

Опис на кантонот уреди

Предните таблички содржат само кратенка за кантонот и броеви, дододека задните таблички ја содржат кратенката на кантонот, броеви, грбот на кантонот, како и грбот на Швајцарија.

Ознаките се испишани со црни знаци на бела заднина.

 
Предни таблички на швајцарските возила (од кантонот Фрибур (FR))
 
Ознака на кантонот Женева (GE) во долга форма
 
Ознака на кантонот Санкт Гален (SG) во долга форма
 
Ознака на кантонот Швиц (SZ) во попречна форма
 
Ознака на кантонот Воа (VS) во попречна форма
Кратенка Кантон
AG   Аргау
AI   Апенцел Инероден
AR-   Апенцел Аусероден
BE   Берн
BL   Базел-провинција
BS   Базел-град
FR   Фрибур
GE   Женева
GL   Гларус
GR   Граубинден
JU   Јура
LU   Луцерн
NE   Нешател
NW   Нидвалден
OW   Обвалден
SG   Санкт Гален
SH   Шафхаузен
SO   Золотурн
SZ   Швиц
TG   Тургау
TI   Тичино
UR   Ури
VD   Во
VS   Вале
ZG   Цуг
ZH   Цирих

Боја (заднина) уреди

 
Ознака за работни возила од кантонот Женева

Во повеќето кантони е можно да се најдат ознаки со ист број во различни бои. Различните бои служат за означување различни видови возила:

  • "Сино" - работни возила
  • "Кафеаво" - специјални возила
  • "Жолто" - скутер и мотоцикл
  • "Зелено" - земјоделски возила
  • "Бело" - возила
  • "Црно" - бели знаци на црна заднина: Возила на сојузната армија (понекогаш наместо кратенка на кантонот се користи М+ за Militär (мак. Војска), нема грб на кантонот).

Ознаки на возила на владата уреди

Возилата на владата го имаат грбот на Швајцарија по буквата "А" (кратенка за "администрација") и броеви со црним знаци на бела заднина. Првите од петте цифри на табличката го означуваат министерството на кое му припаѓа возилото.

  • А - 1XXXX - Министерство за надворешни работи
  • А - 2XXXX - Министерство за внатрешни работи
  • А - 3XXXX - Министерство за правда
  • А - 4XXXX - Министерство за одбрана, спорт и сигурност на народот
  • А - 5XXXX - Министерство за финансии
  • А - 6XXXX - Министерство за економија
  • А - 7XXXX - Министерство за природна средина, сообраќај, енергија и телекомуникации

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. http://www.baselland.ch/veteranen-htm.281561.0.html#body-over Архивирано на 5 јуни 2011 г. Erklärung über Abweichungen bei Veteranenfahrzeugen