Канадско-македонско историско друштво

Канадско-македонското историско друштво претставува македонска иселеничка организација во Канада, која собира и ја регистрира потребната документација и материјали за македонскиот национален идентитет, традициите, културата, религијата, јазикот. Основано е во Торонто, Канада во 1991 година. Друштвото организира предавања од областа на македонската историја, јазикот и културата. Канадско-македонското историско друштво е дел од иселеничкиот центар Канадско-македонски дом.[1]

Наводи уреди

  1. Катарџиев, Иван (1994) (на македонски). Македонската политичка емиграција по Втората светска војна. Архив на Македонија.