Васко Панчаровски
Васко Панчаровски (Габреш, Костурско, 1932 - Торонто, Канада, 11 април 2009) бил канадски и македонски хуманист, еден од најголемите борци за македонските човекови права во дијаспората.[1]
Васко Панчаровски | ||
Роден | 1932 Габреш, Костурско, Грција | |
---|---|---|
Починал | 11 април 2009 Торонто, Канада | |
Занимање | хуманист и општественик |
Животопис
уредиПанчаровски е роден е во село Габреш, Костурско во 1932 година. Ја доживува голготата на децата-бегалци од Граѓанската војна во Грција, жртви на грчкиот монархофашизам. Живеел во Чехословачка сè до доаѓањето во Канада, а дипломирал историја и географија на Универзитетот во Прага. Придонесот на Панчаровски во борбата за правата на Македонците во соседните земји е огромен. Тој во почетокот на 90тите години на XX век бил еден од основачите на Македонското интернационално движење за човекови права и иницијатор за формирање на Здружението на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија на северноамериканскиот континент. Починал во Торонто, Канада на 77 годишна возраст на 11 април 2009 година.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристова, Лилјана (22 април 2009). „Кој беше Васко Панчаровски“. Утрински Весник. Посетено на 2011-12-05.[мртва врска]
- ↑ „Почина хуманистот Васко Панчаровски“. Дневник. 12 април 2009. Посетено на 2011-12-05.[мртва врска]