Д-р. Глигор Делев (р. Скопје, 1960) — македонски алпинист и доктор-специјалист е по ургентна медицина. Живее и работи во Канада, каде се преселил во 1969 година. Пролетта 2007 година успешно се искачил на највисокиот врв во светот Монт Еверест како член на "Extreem summit team" - планинарска експедиција од Србија.

Глигор Делев
Глигор Делев на височина од 7.800 метри за време на освојувањето на Монт Еверест

Кулминацијата на искачувањето се случила на 20 мај 2007 година.

„Не знам што се случува моментално со мене. Зар е можно дека сум на ’покривот на светот‘, повеќе пред мене не гледам карпи и мраз, над мене се само облаците. Ова е прекрасно чувство, целиот свет сега е под моите нозе, ми течат солзи-радосници. Ја исполнив својата желба да се искачам на Монт Еверест, иако беше многу, многу тешко. Ова качување ќе го паметам целиот живот“, јавил д-р Делев, на водачот на експедицијата по радиоврска од врвот.

Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.

За своето постигнување ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.

План на експедицијата за освојување на Монт Еверест

уреди

Глигор Делев е член на српската експедиција за освојување на Монт Еверест.

Експедицијата во регионот влегува преку Непал. Експедицијата стигнува со авионски лет во Катмадну, а потоа по копнен пат преминува во Тибет, преку граничниот премин на мостот на пријателството во селото Кодар. Овој план на активности и овозможува на експедицијата да стигне во базниот логор на самиот почеток на сезоната, со што има доволно време на располагање за искачување. Исто така тоа остава време за постепено зголемување на висината и подобра аклиматизација на членовите на тимот.

Експедицијата поминува две ноќи во Нилам на тибетското плато, на надморска висина од 3,800 метри поради аклиматизација. Потоа почнува постепено искачување. Експедицијата има два дена одмор во Тингриј, после што тргнува кон базниот логор, каде шерпасите се одвојуваат и почнуваат да го прават истурениот базен логор (ABC). После дополнителната аклиматизација експедицијата продолжува со искачување користејќи два меѓулогори за искачување до висина од 6.440 метри до логорот сместен под самиот врв Норт Кол. До оваа точка патувањето на експедицијата се одвива со џипови и со помош на јакови.

Над истурениот базен логор има уште четири други логори:

  • Логор Еден – на 7.066 метри на Норт Кол.
  • Логор Два - на 7.400 метри, на почетокот од снежната стреа. Логорот е релативно рамен но изложен на антициклонски ветрови кои дуваат преку северниот гребен.
  • Логор Три - на 7.900 метри.
  • Логор Четири - на 8.400 метри – на карпесто земјиште, но повремено има и снег во зависност од снежните врнежи во текот на претходната сезона. Овој логор овозможува пристап до североисточниот гребен кој води до самиот врв.

Членови на експедицијата

уреди

Сите членови на експедицијата се искусни алпинисти кои веќе имаат совладано висини од 7.000-8.000 метри.

Надворешни врски

уреди