Градимир Панков (Скопје, 25 октомври 1938) — канадски и светски реномиран танчер, поранешен балетан и уметнички директор на Големиот канадски балет од Монтреал.[1][2]

Градимир Панков
Роден 25 октомври 1938
Скопје , Македонија Македонија
Занимање танчер и балетан

Животопис

уреди

Панков е роден на на 25 октомври 1938 година, во Скопје. Во младоста се занимавал со пливање и бил регионален првак. Денес е актуелен директор на Големиот канадски балет од Монтреал, Канада. Првите часови по класичен танц, музика и учителство по танцување ги имал кај професорите Миле Јовановиќ и Олга Милосавлева на Скопскиот конзерваториум. Во 1964 година го напушта Скопје и пошнал да работи во најпрестижните европски и светски танцови компании како што се Танцувачкиот театар во Хаг, Националниот балет на Финска, балетот „Кулберг“ во Шведска, балетот „Гулбенкаин“ во Португалија, Холандскиот танцов театар, Париската и Лионската опера и Американскиот балетски театар во Њујорк каде што решил да се пензионира. Во април 2012 година го добива и првото признание од родната Македонија – наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Наводи

уреди
  1. „Gradimir Pankov, Artistic Director“ (англиски). Les Grands Ballets. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 2012-04-04.
  2. De Rycke, Lisa: Gradimir Pankov, in: Kotte, Andreas (Ed.): Dictionnaire du théâtre en Suisse, Chronos Verlag Zurich 2005, vol. 2, p. 1369.

Надворешни врски

уреди