Д-р Лефтер Манче (роден во Загоричани, Егејска Македонија) е еден од најголемите светски естетски хирурзи.

Д-р Лефтер Манче

Животопис

уреди

Во март 1948 година, како дете бегалец, заминал за Унгарија, каде што завршил средно образование. Дипломирал на Факултетот за физичко воспитание, а потоа и на Медицинскиот факултет, на кој во 1965 година дипломирал со највисока оценка, и добил понуда да остане да работи на универзитетската клиника. До 1973 година работел како асистент професор на Медицинскиот факултет во Дебрецен. Таму се запознал со идната сопруга и ги добил своите два сина. Во 1965 година, ги положува сите испити и станува доктор. Требало четири години да работи како помошник, за да во октомври 1969 година, по положувањето на испитите за генерален хирург, го унапредат во асистент професор. Во 1973 година од Универзитетот го испраќаат во Киев, Украина, а откако му се појавува статија за канцерот на дојката во еден германски весник, во април истата година го канат во Копенхаген. По престојот таму решава својата специјализација да ја продолжи во Канада, каде по 6 месеци му се прклучува и семејството. Но, во Канада ништо не му признаат од положените испити и морал да почне од почеток. И во тоа успева за две години. Во 1975 година работи во универзитетската клиника во Отава, а до 1979 година ги положува и канадските испити, по што вторпат станува специјалист. Видел дека во Отава нема заболени од канцер, па затоа решава да специјализира естетска хирургија. На 15 јануари 1980 година во Отава ја отвора првата приватна клиника. Специјализирал само за 5 операции: пресадување на коса, липосукција, естетика на гради, пластика на лице и пластика на очи и ги извршува само нив. Во 1984 година заминува за Кан каде се одржувал првиот Светски конгрес на пластичари за липосукција.

Успеси

уреди

Во Канада доктор Лефтер Манче има направено повеќе од 10.000 операции во кои се вклучени: пресадување на коса, липосукција, естетика на гради, пластика на лице и пластика на очи. Доктори од речиси цел свет доаѓале бесплатно да учат од него. Доаѓале и од Унгарија и од Македонија. Во 1986 годинаодржал предавање за липосукција во Будимпешта, по што добил покана и од едно унгарско списание за хирургија да пишува токму на оваа тема. Во канадската и во унгарската литература се појавиле неговите први статии за липосукција. А такви статии се појавиле и во француски медицински весници. На оваа тема д-р Манче предавал ширум светот, а учествувал и на многу конгреси за претходно спомнатите 5 операции од областа естетска хирургија.

Д-р Манче не е само голем хирург, туку тој е и голем Македонец. Секогаш кога доаѓа во Македонија најмногу престојува во Охрид каде се чувствува најубаво.

Извор

уреди

Интервјуто во Македонско сонце Архивирано на 8 јули 2008 г.