Стивен Стамкос
Стивен Стамкос (англиски: Steven Stamkos; Маркам, 7 февруари 1990) — канадски играч на хокеј со македонско потекло, кој моментално игра во Тампа Беј Лајтнингс. Игра на позицијата центар.
Кариера
уредиСтамкос е избран за играч на годината во 2008 година од страна на Тампа Беј Лајтнингс. Со овој клуб потпиша тригодишен договор. Иако на почетокот беше критикуван дека игра лошо, сепак сезоната ја заврши многу успешно со 19 бода во 20 натпревари. Во сезоната 2009/10 му беше доделена награда за најголем број постигнати голови заедно со играчот на Питсбург Пингвинс, Сидни Крозби. Постигна 51 погодок и беше најмладиот играч кој го освои овој подвиг. Помлади беа само Вејн Грецки и Џими Карсон.
Стивен Стамкос на 19 јули 2011 година потпиша петгодишен договор со Тампа вредан 37,5 милиони долари.
Рекорди
уреди- Најмногу голови во сезона од играч на Тампа Беј Лајтнингс, 60 (2011–12)
- Најмногу голови од НХЛ играч во дополнителното време во една сезона, 5 (2011–12)