Каменц (округ)
Каменц (германски: Kamenz, горнолужички: Kamjenc) — поранешен округ во североисточниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Шпре-Ниса, Долношлеска Горна Лужица, Бауцен, Саксонска Швајцарија, слободниот град Дрезден и окрузите Мајсен и Риза-Гросенхајн. Слободниот град Хојерсверда бил целосно опкружен од округот.
Каменц Landkreis Kamenz | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 2008-08-01 |
Седиште | Каменц |
Површина | |
• Вкупна | 1,340,34 км2 (517,51 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 154,954 |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | KM |
Мреж. место | http://www.lra-kamenz.de |
Историја
уредиОкругот бил создаден во 1994 од претходниот округ Каменц, северните делови на округот Дрезден-Ланд, околу Радеберг и округот Хојерсверда, освен градот Хојерсверда, кој станал слободен град. Од 1994 до 1996 бил наречен Westlausitz - Dresdner Land, но бил преименуван потоа повторно во Каменц. Во август 2008, округот Каменц и Хојерсверда биле припоени кон округот Бауцен.
Географија
уредиДве поголеми реки во округот се Шпре и Шварце Елстер.
Партнерства
уредиОд 14 декември 1990, округот има партнерство со округот Алцај-Вормс во Рајнска област-Пфалц.
Грб
уредиБоите на грбот се оние од Горна Лужица. Црното крило на десната страна е симбол на грофовите од Каменц. Листот од липа на врвот на левата половина стои за лужичкосрпското малцинство. Разбрануваната линија долу ги симболизира трите реки, Редер, Елстер и Шпре. Трите прстени долу го симболизира обединување на претходните окрузи. |
Градови и општини
уредиГрадови | Општини | |
---|---|---|
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 21 декември 2014 г. (германски)