Риза-Гросенхајн (германски: Riesa-Großenhain) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Елба-Елстер и Горен Шпревалд-Лужица во сојузната покраина Бранденбург и Каменц, Мајсен, Дебелн и Торгау-Ошац во Саксонија.

Риза-Гросенхајн
Landkreis Riesa-Großenhain

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
СедиштеГросенхајн
Површина
 • Вкупна820,51 км2 (316,80 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно120,539
 • Густина150/км2 (380/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.RG
Мреж. местоhttp://www.riesa-grossenhain.de

Историја

уреди

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на двата претходни окрузи Риза и Гросенхајн. Во август 2008, бил припоен кон округот Мајсен.

Географија

уреди

Округот се наоѓа во низина, северно од виртуелната линија, која ги поврзува Лајпциг и Дрезден. Главна река е Елба, која тече низ округот од југ кон северозапад.

  Гранките од липа во левиот дел на грбот ја симболизираат природата на округот и исто така симбол за Риза, бидејќи биле присутни во грбот на Риза од 1623. Црниот лав на жолта основа е за Гросенхајн, бидејќи бил присутен во грбот на градот Гросенхајн. Запченикот долу ја симболизира индустриската традиција во округот, главно производствот на железо и челик, инженерство и текстил.

Градови и општини

уреди
Градови Општини
  1. Гредиц
  2. Гросенхајн
  3. Риза
  4. Штрела
  1. Еберсбах
  2. Глаубиц
  3. Хирштајн
  4. Лампертсвалде
  5. Наувалде
  6. Нинхриц
  7. Пристевиц
  8. Редерауе
  9. Шенфелд
  1. Штаухиц
  2. Тауша
  3. Тиндорф
  4. Вајсиг на Рашиц
  5. Вилденхајн
  6. Вилкниц
  7. Цабелтиц
  8. Цајтхајн

Надворешни врски

уреди