Шварце Елстер
Шварце Елстер[3][4][5] или Црн Елстер (германски: Schwarze Elster, горнолужички: Čorny Halštrow) — 179 километри долга река во источна Германија, во покраините Саксонија, Бранденбург и Саксонија-Анхалт, десна притока на Елба. Нејзиниот извор е во областа Горна Лужица, близу Елстра.
Шварце Елстер во Елстерверда | |
Место | Саксонија, Бранденбург, Саксонија-Анхалт (Германија) |
---|---|
Должина | 179 км [1] |
Извор | Кај Киндиш (Саксонија) на Купе 51°06′13″N 14°44′38″E / 51.1037° СГШ; 14.744° ИГД |
Висина на изворот | 317 м над м.н. |
Утока | Елба, јужно од Елстер (Саксонија-Анхалт) 51°48′58″N 12°49′57″E / 51.816154° СГШ; 12.832414° ИГД |
Висина на утоката | 69 м над м.н. |
Спуст | 248 м |
Слив | Елба |
Одлив | Елба → Северно Море |
Слив | 5.705 км² [1] |
Истек со Лебен мерило[2] |
Рекордно низок: 1,71 м³/С (во 26.07.2006) Просечен низок: 5,71 м³/с Просечен среден: 18,1 м³/с Просечен висок: 68,2 м³/с Рекордно висок: 128 м³/с (во 16.01.2011) |
Десни притоки | Хојерсвердаер Шварцвасер, Клајне Елстер, Швајницер Флис |
Леви притоки | Пулсниц, Гросе Редер |
Помали градови | Хојерсверда, Зенфтенберг |
Паланки | Елстра, Каменц, Витихенау, Руланд, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг, Јесен |
Шварце Елстер тече низ градовите Каменц, Хојерсверда, Зенфтенберг, Лаухамер, Елстерверда, Бад Либенверда, Херцберг и Јесен. Се влева во реката Елба кај Елстер (Елба), спротивно од течението на реката од Витенберг.
Географија
уредиРеката извира од Лужичките Возвишенија (Горна Лужица) околу 1,5 километри јужно од селото Киндиш во округот Елстра на источниот дел на 396 метри високиот Купе, полуврв на Хохштајн. Оттука, Шварце Елстер првично тече кон север низ Елстра, Каменц, Милстрих и Витихенау, од Хојерсверда тече кон запад до Елстерхајде. Потоа низводно, по 63 километри, ја сече границата на Саксонија и Бранденбург и тече низ Зенфтенберг, Руланд и Лаухамер до Елстерверда. Оттука, тече кон северозапад низ Бад Либенверда, Херцберг и Јесен пред да се влее во Елба во општината Елстер (Елба) (на 198,5 километар).
Најважни притоки на Шварце Елстер се Хојерсвердаер Шварцвасер, Пулсниц, Гросе Редер, Клајне Елстер и Швајницер Флис.
Притоки
уредиЛеви притоки | Десни притоки |
---|---|
|
|
Историја
уредиФелдмаршалот Блихер ја преминал реката Елба близу нејзиното влевање со Шварце Елстер на 3 октомври 1813 на неговиот марш кон Лајпциг.[6]
Поврзано
уреди- Постои, исто така и река Вајсе Елстер во источна Германија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Gewaessersteckbrief-Elbe, Plan Hochwasservorsorge Dresden, 2010 Auf: dresden.de (pdf; 8,3 MB)
- ↑ Pegel: Löben Auf: hochwasservorhersage.sachsen-anhalt.de
- ↑ Saxony at 1911 Britannica Encyclopedia.
- ↑ Elbe River Basin by the International Commission for the Protection of the Elbe River.
- ↑ Elbe Архивирано на 4 ноември 2013 г. at waterwiki.net.
- ↑ Џорџ Врајт (1836). A New and Comprehensive Gazetteer, Volume 3, p. 78.
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за Саксонија статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |