Шпре-Ниса

округ во Германија

Шпре-Ниса (германски: Spree-Neiße) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од југ надесно) окрузите Бауцен и Герлиц во Саксонија, окрузите Горен Шпревалд-Лужица, Даме-Шпревалд и Одра-Шпре. Слободниот град Котбус е целосно опкружен од округот. На исток се наоѓа Полска.

Шпре-Ниса
Spree-Neiße

округ
Знаме на Шпре-Ниса Spree-NeißeГрб на Шпре-Ниса Spree-Neiße
Карта
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
СедиштеФорст (Лужица)
Површина
 • Вкупна1,647,8 км2 (636,2 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
 • Вкупно112.493
 • Густина68/км2 (180/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SPN
Мреж. местоwww.landkreis-spree-neisse.de

Географија

уреди

Округот се наоѓа во областа Лужица. Реката Шпре тече низ округот, додека реката Лужичка Ниса ја создава источната граница, која во исто време претставува и граница со Полска.

Историја

уреди

Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Котбус, Форст, Губен и Шпремберг.

  Грбот прикажува четири полиња посветени на претходните окрузи. Речниот рак во горниот лев дел го претставува округот Котбус и е исто така присутен во грбот на градот Котбус. Лавот во горниот десен дел е симбол на Кралството Бохемија, бидејќи Шпремберг бил посед на бохемиските кралеви. Рогот од елен во долниот десен дел го претставува Форст и бил преземен од грбот на грофовите Биберштајн. Круната во долниот лев дел ги претставува повторно кралевите од Бохемија, но овој пат претставувајќи го Губен.

Градови и општини

уреди
Слободни градови Општински заедници
  1. Дребкау
  2. Форст (Лужица)
  3. Губен
  4. Шпремберг
  5. Велцов


Слободни општини

  1. Колквиц
  2. Нојхаузен/Шпре
  3. Шенкендеберн

1. Бург (Шпревалд)

  1. Бризен
  2. Бург1
  3. Дисен-Штризов
  4. Гуров
  5. Шмогров-Феров
  6. Вербен

2. Деберн-Ланд

  1. Деберн1, 2
  2. Феликсзе
  3. Грос Шаксдорф-Зимерсдорф
  4. Јемлиц-Клајн Дибен
  5. Најсе-Малксетал
  6. Черниц
  7. Визенгрунд

3. Пајц

  1. Драхаузен
  2. Дренов
  3. Хајнерсбрик
  4. Јеншвалде
  5. Пајц1, 2
  6. Тауер
  7. Тајхланд
  8. Турнов-Прајлак
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

уреди
  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди

51°41′N 14°24′E / 51.683° СГШ; 14.400° ИГД / 51.683; 14.400